ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Рекордни врнежи во Њујорк и Њу Џерси, расте бројот на загинати

September 3, 2021 08:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 46 лица загинаа во поплавите како резултат на рекордните врнежи во североисточниот дел на САД. Сепак, тој број сè уште не е потврден.

Двегодишно дете е меѓу загинатите во Њујорк и Њу Џерси. Тело на 19-годишно момче е пронајдено во поплавен стан во Мериленд.

Имено, остатоците од ураганот Ида, кој изминатиот викенд ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количества дожд и огромни поплави.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио одржа прес-конференција на која истакна дека „цената што ја платија некои њујорчани е страшна и трагична“.

– Некои семејства сега тагуваат. Треба да бидеме тука за нив, за сите граѓани кои сега се борат со последиците од оваа катастрофална бура. Луѓето минуваат низ пекол. Потребна им е помош, нагласи Де Бласио.

Си Би Ес објави снимка која се прошири низ социјалните мрежи, прикажувајќи возачи во потопени автомобили во Њујорк. Лицето кое снима вели дека возачите „врескале и барале помош“.

“Oh my God! This is terrible.”: Footage shows multiple drivers stranded and screaming for help in their vehicles in Yonkers, New York on Wednesday after getting caught in flash floods that pummeled parts of New Jersey and New York. pic.twitter.com/lKAR6ZUJX2

— CBS News (@CBSNews) September 2, 2021

 

Новинарката Кристи Илето, на Твитер објави фотографија направена вчера изутрина во поплавениот центар во Филаделфија.

Предупредувања за поплави се издадени за подрачјата на шест други американски држави (Конектикат, Мејн, Масачусетс, Њу Хемпшир, Род Ајленд и Вермонт).

Предупредување за голем дел од овие шест држави издаде Метеоролошката служба на САД, во кое се наведува дека нивото на водата на некои реки и потоци продолжува да расте и е многу веројатно тие да се излеат од своите корита.

Нивото на водата на реката Шујлкил во државата Пенсилванија, во близина на Филаделфија, расте незапирливо. Таа достигна три метри, а според временската прогноза, може да се зголеми уште еден метар.

Итните служби во градот Бриџпорт, на околу 30 километри од Филаделфија, ги спасуваат луѓето од поплавените куќи со чамци.

Објавени се снимки и од метро станиците во Њујорк, каде водата незапирливо продира.

Забраната за патување, која беше воведена во Њујорк по рекордното количсетво дожд, е укината. Но, властите продолжуваат да ги повикуваат луѓето да останат дома додека итните служби работат на чистење и проценка на штетата направена на патиштата.

Повеќе од 100.000 домаќинства во трите држави во североисточниот дел на САД (Њујорк, Њу Џерси и Конектикат), кои беа најтешко погодени од бурата, останаа без електрична енергија.

Поради огромното количество врнежи во Њујорк и Њу Џерси, прогласена е вонредна состојба.

Мерењата во Централ Парк во Њујорк покажаа дека дождот соборил историски рекорди.

На мерната станица во Централ Парк, измерена е висина на водата од неверојатни 217 сантиметри. Претходниот рекорд изнесуваше 117 сантиметри и регистриран е во 1927 година. Нивото на водата во Централ Парк се мери од 1869 година.

Шефицата на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации, Дин Крисвел, истакна дека разговарала со американскиот претседател Џо Бајден за штетата која е причинета откако остатоците од ураганот Ида предизвикаа огромни поплави во североисточниот дел на САД.

– Очекувавме значително количество дожд кој го донесе Ида додека се движеше североисточно од државата, но не знаевме точно каде ќе падне. Мислевме дека може да биде во Тенеси или Западна Вирџинија, но додека Ида се движише кон исток, видовме дека најмногу дожд падна во Мериленд, Пенсилванија, Њујорк и Њу Џерси, изјави Крисвел, додавајќи дека се очекуваат повеќе проблеми.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хохул, рече дека градот е парализиран од невиденото количество дожд. Таа ги повика граѓаните да останат дома и да ја проверат состојбата на нивните најблиски.

– Ова беше апсолутно неверојатно, луѓето се шокирани. Граѓаните кои мислеа дека ќе можат безбедно да се спуштат во своите подруми или ќе седнат во метрото беа изненадени. Оваа бура без преседан промени се. Њјорк е буквално парализиран, нагласи Хохул за Си Ен Ен.

“New York City literally has been paralyzed,” New York Gov. Kathy Hochul says after an unprecedented amount of rainfall on Wednesday. “We also are concerned about the subway. People’s lives are once again disrupted.”

“I will continue to urge people to stay home,” she added. pic.twitter.com/t6wcRogify

— New Day (@NewDay) September 2, 2021

Фил Марфи, гувернер на Њу Џерси, рече дека ноќта кога наврнаа историските количества дожд била „пеколна“, додавајќи дека проблемите во таа федерална држава се уште не се завршени.

– Добиваме извештаи за торнада, опасни поплави и за жал, загуби на живот. Ги молиме луѓето да останат дома, да се држат подалеку од патиштата, бидејќи сe уште има многу дрвја на патиштата, додаде тој.

Марфи истакна дека „Њу Џерси е држава која веројатно е најизложена на климатските промени во САД со оглед на тоа што имаме толку голема густина на населеност“.

Си Ен Ен објави дека 132,5 милијарди литри вода паднале во пет главни области во Њујорк во период од пет часа.

– Тоа е еквивалентно на околу 50.000 олимписки базени, изјави метеорологот Педрам Јавахери.

Толку многу врнежи во краток временски период би биле проблематични насекаде во светот, но кога ќе падне таков дожд во урбана област како Њујорк, тогаш проблемите стануваат многу поголеми.

Според американската Агенција за океани и атмосфера (NOAA), станува збор за дожд што може да падне еднаш во 500 години./МИА/.

Next Post

В недела почнува пописот, се прават последните подготовки

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk