Владата од денеска ја почнува кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ која е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството. Целта е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата.
Oчекувам дека крајот на ноември, целиот декември можеме да ги заокружиме прашањата заради тоа што ние ги имаме адресирано сите прашања. Како што реков преку патоказот ги имаме сите адресирани коишто значат гаранции преку рокови и надлежни институции за зголемување на ефикасноста на реализацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, рече денеска Зоран Заев.
Државната комисија за спречување на корупција може да води постапки само против актуелните функционери и тоа додека се на функција. Тука, вклучувајќи ги и судиите, обвинителите и останатите именувани и избрани функционери и затоа ги имаме слабостите токму на системот коишто треба да ги отстраниме преку нови начини и алатки, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
Бизнисменот Јордан Камчев останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако Кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја одби понудената гаранција. Како што потврдуваат од Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацови на Водно“, на ваквата одлука има право на жалба во рок од три дена до Апелација.
M. M.