ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Ексклузивен швајцарски рачен часовник посветен на Загор се продава за 3.100 евра

September 4, 2021 17:51
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанската издавачка куќа за стрипови „Серџо Бонели Едиторе“ (СБЕ) и швајцарскиот производител на луксузни часовници „Еберхарт“ на 3 септември претставија ексклузивен рачен часовник посветен на популарниот стрип Загор.

Часовникот посветен на „Духот со секира“ е изработен во ограничена серија од само 120 примероци кои се продаваат по цена од 3.100 евра.

Ограничената серија персонализирана со карактеристичното лого со стилизирана птица е пуштена во промет по повод 60-годишнината на стрипот, која се прославува во текот на целата 2021 година. Часовникот е водоотпорен до длабочина од 50 метри.

Марио Пасерико, директорот на „Еберхарт Италија“, изјавил дека го започнале партнерството со СБЕ поради нивната важна историја и позитивните вредности кои ги претставува растечкиот бренд Загор, претставен од популарниот лик кој се бори за зачувување на мирот, во одбрана на послабите и Доброто, мотивиран од желба за правда и алтруизам.

„Нашата куќа, основана во 1887 година во Ла Шудефон исто така има важно минато исполнето со модели кои се уште го зачувуваат неминливиот шарм, а сега нудиме нови модели на часовниците како модерни реизданија со винтиџ вкус. Благодарение на Загор ние сега им пристапуваме на љубителите на стрипови, а знаеме дека неговите фанови – Загоровците особено внимаваат на вести поврзани со нивниот омилен стрип,“ додал Пасерико.

Генералниот директор на СБЕ, Давиде Бонели изјавил дека миланската издавачка куќа ја подготвувала соработката со „Еберхарт“ во тајност со цел да биде изненадување во годината кога се слави годишницата на Загор, една од многуте во нивната 80-годишна историја започната од неговиот дедо Џанлуиџи Бонели. Него го наследиле сопругата Теа и синот Серџо, таткото на сегашниот директор.

„Нашата претприемачка приказна е создадена со многу емоции, поврзани со авантурите на нашите ликови меѓу кои е и Загор, јунак кој во јуни ја премина важната точка од 60 години на киосците, роден од фантазијата на татко ми и четкичката на Галиено Фери,“ посочил Бонели, за кој иницијативата за часовник кој е комбинација на врвната швајцарска занаетчиска умешност и духот на стрипот, кој „Еберхард“ ентузијастички го прифатил.

Извор: МЕТА

Next Post

Попладневен преглед: Државите со сојузници ќе одат напред, детално испитување и проверка на сите дипломати, бледиот интелигент и тапиот простак...

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk