ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ за пописот на населението: Осуда на политизацијата, повик за учество и поддршка на процесот

September 5, 2021 11:17
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува мониторинг на процесот спроведување на пописот уште од денот кога започна процедурата за негово одржување, односно подготовките за Законот за попис на населението, донесен во јануари 2021 година.

На денот на почетокот на пописот, 5 септември 2021 година, ЦИВИЛ го соопшти ставот, оценките и препораките на Организацијата до граѓанките и граѓаните, јавноста, институциите и сите останати.

„Конечно, по речиси две децении, ќе се одржи попис на населението кој нема политичка димензија, туку е статистичка операција која им е потребна на луѓето, на институциите, на бизнисот и на општеството во целост. ЦИВИЛ високо ја оценува работата на институциите, во прв ред, Државниот завод за статистика и смета дека институциите се подготвени, процесот е добро организиран и е во согласност со мерките за заштита од КОВИД-19“ – се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ остро ја осудува политизацијата на статистичката операција Попис 2021 и им посака успешна работа на попишувачите кои ќе започнат со работа на терен од денеска, 5 септември.

„Повиците на бојкот се кривично дело. Структурите што повикуваат на бојкот на пописот имаат цел да се стекнат со политички профит, на сметка на јавниот интерес. ЦИВИЛ ја повикува јавноста да го отфрли и осуди таквото несовесно политичко дејствување“ – повика ЦИВИЛ.

Според ЦИВИЛ, политичките партии, без исклучок, треба да го поддржат пописот преку јавни повици и комуникација со своето членство.

ЦИВИЛ ги повика и медиумите и граѓанското општество да помогнат во реализацијата на оваа важна статистичка операција со јавни повици и коректно известување.

„Попишувачите се повикани строго да ги почитуваат здравствените протоколите, како професионалните стандарди за попишување. Учеството на граѓанките и граѓаните е граѓанска обврска, регулирана со закон“ – се потенцира во соопштението.

ЦИВИЛ ги повика сите граѓанки и граѓани да ја исполнат својата обврска и да учествуваат во оваа статистичка операција.

Воедно, ЦИВИЛ ја истакна можноста, граѓанките и граѓаните да пријавуваат незаконски дејствија и нерегуларности во текот на спроведувањето на пописот на контактите 02/5209176 (работни денови, од 9 до 17 часот), www.facebook.com/civil.mk, civil@civil.org.mk.

Next Post

ТИРЗ прогласен за лидер во регионот од Capital Finance International

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk