Можеше Илија Јовановски, градоначалникот на Прилеп да урла против Заев? Можеше. Можеше да најде било кое идиотско оправдување за втор мандат, ама тоа не го прави. Оти кога си тим, кога веруваш во целите, не претставува никаков проблем палката да ја предадеш на својот соборец, сограѓанин и пријател, пишува аналитичарот Ненад Јовановиќ.
„Или што би рекол Сугаре: за мене од вечерва Прилеп е најважен!
Во таа смисла, очекувам во ист манир да му се предаде палката и на Оливер Илиевски од Куманово. Нека не го заслепува суетата Максима.
Кумановчани заслужуваат силен и обединувачки дух каков што е обединувачки духот на Сугаре и Јовановски во Прилеп.
Силно верувам во тоа“, напиша Јовановиќ на Фејсбук.