ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Нема информации за одбивање за попишување или за каков било технички проблем, повиците за бојкот се кривично дело, апелира ЦИВИЛ

September 5, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
МИА

МИА

Почнува пописот на населението, домаќинствата и становите. По речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните регони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови, истакна директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Симовски: Пописот се одвива без проблеми, граѓаните да соработуваат. Од утринава, кога почна најголемата статистичка операција во земјава, нема информации за одбивање за попишување од страна на граѓаните или за каков било технички проблем, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров.

ПОПИС 2021: Во сите 50 пописни реони попишувачите се излезени на терен и веќе се спроведува попишувањето.

ЦИВИЛ за пописот на населението: Осуда на политизацијата, повик за учество и поддршка на процесот. Повиците на бојкот се кривично дело. Структурите што повикуваат на бојкот на пописот имаат цел да се стекнат со политички профит, на сметка на јавниот интерес. ЦИВИЛ ја повикува јавноста да го отфрли и осуди таквото несовесно политичко дејствување“ – повика ЦИВИЛ.

Пендаровски: Пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата. Не очекувам дека поради политички тензии некој може да ги компромитира резултатите од пописот, но ситуацијата претходно не беше таква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со денешниот почеток на пописот, но и можноста наративот дека станува збор за пребројување на Македонци и Албанци да ја поткопа операцијата.

Заев: По 20 години, конечно, денеска започна најважната и најсложена статистичка операција – Попис на населението, домаќинствата и становите. Ве повикувам да бидете партнер во овој процес, затоа што само на овој начин Владата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата ќе можат да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија“, напиша Заев.

Маричиќ: Почна најважната статистичка операција од осамостојувањето до сега. Маричиќ на Државниот завод на статистика му посака успешна работа, а на попишувачите на терен им се заблагодари за трудот, посветеноста и придонесот за овој статистички процес.

Веројатно следната година ќе се прима и трета доза вакцина за Ковид-19, болниците оптоварени со невакцинирани лица. Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптоварени си со невакцинирани пациенти, нагласи вчера министерот за здравство.

Јовановиќ: Кумановци заслужуваат силен и обединувачки дух како оној на Сугаре и Јовановски во Прилеп. Можеше Илија Јовановски, градоначалникот на Прилеп да урла против Заев? Можеше. Можеше да најде било кое идиотско оправдување за втор мандат, ама тоа не го прави. Оти кога си тим, кога веруваш во целите, не претставува никаков проблем палката да ја предадеш на својот соборец, сограѓанин и пријател, пишува аналитичарот Ненад Јовановиќ.

На денешен ден пред 12 години потона бродот „Илинден“, 15 бугарски туристи се удавија. Капетанот на бродот, Филевски и хрватскиот државјанин Баиќ беа осудени на по една година затвор. Судот одлучи дека Сотир Филевски не ги почитувал прописите за превозот и непромислено сметал дека не постои опасност да се качат повеќе од 50 бугарски туристи. Баиќ беше осуден и за кршење на законот за превоз.

Сe пробива нова улица во кругот на Клинички центар. Изграден е и нов влез кај клиниката за стоматологија со кој беа создадени услови за целосно одвојување на влезовите и на трасите на движење на возилата за брза помош од оние на останатите возила кои влегуваат во кругот на Клинички.

Хоџа: Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје. Жал ми е што протестирате бидејќи вратите на Министерството за земјоделство се отворени да дојдете да разговараме. Но, еве сме тука, го имате целото наше внимание. Слободно кажете кои се проблемите. Ние како и секогаш, стоиме на располагање за решавање на сите проблеми на земјоделците, па и на лозарите, рече министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, одговарајќи им на присутните лозари на нивните прашања.

И. Т. З.

Next Post

Османи утре во Ватикан на централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk