Пејачката на британската поп група Грлс алауд (Girls Aloud), Сара Хардинг почина утрово од рак на дојка, на 39-годишна возраст. Хардинг во август 2020 година соопшти дека и е дијагностициран канцер и дека е распространет на други органи.
Нејзината мајка Мари на Инстаграм ја опиша нејзината ќерка како „убава, светла ѕвезда која свети“.
Претходно годинава, Хардинг окри дека лекарите и рекле дека нема да го дочека следниот Божиќ.
Нејзината мајка напиша „Скршена од болка Ви пишувам дека за жал, мојата прекрасна ќерка Сара почина. Сите вие што ја знаевте, знаете дека се силно се бореше се до последниот ден. Си замина мирно утрово“.
„Грлс алауд“ стана една од најуспешните женски групи на сите времиња откако беше формирана преку ТВ-шоу за таленти. Тие објавија пет албуми од 2003 до 2008 година и имаа 20 топ-10 хитови во Велика Британија, вклучувајќи и четири на првото место. Групата се растури во 2013 година, по што Хардинг учествуваше во неколку реални шоуа.
Извор: BBC