ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Од четврток пункт за вакцинација на УКИМ, најголем број на хоспитализирани вакцинирани се со примена една доза

September 6, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Заев: Пописот стартуваше исклучително успешно. Последниот податок покажува дека некаде 94.500 граѓани се попишале, што е исклучително успешно имајќи предвид дека беше недела и дека е прв ден за попис, оцени денеска премирот Зоран Заев.

Првиот ден од пописот помина без забелешки, а државниот врв, партиите и невладините организации повикаа граѓаните да соработуваат. Пописот започна без одбивање за попишување од страна на граѓаните, а не бил пријавен ниту каков било технички проблем, изјави вчера директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров.

Сите млади кои починале од ковид 19 не биле вакцинирани, вели Филипче. Министерот за здравство додава и дека најголем број на хоспитализирани вакцинирани пациенти се со примена една доза.

Филипче: Младите се на удар, в четврток ќе се отвори пункт за вакцинација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Вирусот се шири меѓу нив, тие се медијатори може да го шират и во своите семејства. Докажано е дека вакцината е безбедна, докажано е дека е ефикасна, не треба да има страв, тоа е еден од начините да се спречи ширењето на вирусот. Битно е младите да се социјализираат, да ги вратат назад своите животи, потенцираше министерот Филипче.

Филипче: Никој не останал без лекарска грижа. За превентивата која што се одвива кај матичните лекари не е ништо променето, меѓутоа кај специјалистите и специјалистичките прегледи во сите болници во моментот кај што се третираат ковид пациенти не се запрени останатите прегледи, изјави на денешната прес-коференција министерот за здравство Венко Филипче.

Ереван-Виена виа Скопје… Деталите од целата перипетија се далеку од расветлени, но она што, малку од Ереван и малку од Скопје, може да се реконструира е дека во 2018 г. „екипа“ од тројца македонски дипломати (видео-надзорот на ереванскиот аеродром, покрај уапсениот Миле Миленкоски, наводно ги идентификува на снимките и Б.С. и С.С. од составот на МНР, по кои не се издадени потерници) како на приватен чартер (авионот е можно да е од Виена, во сопственост на извесен ерменски тајкун) го качуваат контроверзниот ерменски олигарх Левон Саргсјан, брат на поранешниот ерменски претседател Серж Саргсјан, и го транспортираат во правец на Виена, за потоа да му се изгуби трагата, иако надлежните ерменски власти го товарат и го бараат во врска со многу милиони наводно проневерени пари и коруптивни зделки….прочитајте во најновата колумна на Сашо Орданоски.

Твитер: Кандидатката за градоначалник на Центар од ВМРО-ДПМНЕ рече дека „Скопје 2014“ не бил проект на претходната власт. За потсетување, проектот Скопје 2014 беше еден од најамбициозните проекти на ВМРО- ДПМНЕ со кој тогашниот претседател на партијата и сегашен политички азилант, пребеган во Унгарија, Никола Груевски, посебно се гордееше. Според објавата на БИРН од 2018 година, проектот до тогаш ги чинел граѓаните над  684 милиони евра.

Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори.

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 септември 2021 година.

ЕБОР ќе ја поддржи Владата во реализација на приоритетните проекти. Реализацијата на тековните проекти и динамиката на нивното изведување, како и инвестиции во нови проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, екологијата, беа тема на денешната средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со потпретседателот на ЕБОР Јурген Ригтеринк, што се одржа во Министерството за финансии, пред почетокот на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“.

 И. Т. З.
Next Post
МИА

Заев: За упасените дипломати ќе постапиме согласно меѓународните договори

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk