Бројот на новодијагностицирани пациенти со Ковид-19 се намалува, а во меѓувреме расте опфатот на вакцинација против Ковид-19 на возрасните граѓани. Инаку, акцентот е ставен на промоција на повик кон помладите да се вакцинираат, а поради вирусот, од вчера во изолација се ставени неколку паралелки во Велес, Штип и Прилеп, иако според надлежните, училиштата засега не се во ризик.
Вториот ден од пописот го одбележаа помали технички проблеми, кои според Државниот завод за статистика успешно и брзо биле надминати. Властите оценија дека пописот стартувал успешно, и апелираа граѓаните да се вклучат во процесот, да ги дадат потребните податоци, со цел државата да може да спроведува политики согласно реалната слика.
Парите на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ги вложуваше во непродуктивни работи, во скулптури и споменици, кои заедно со Белата палата, седиштето на опозицијата во стечај, стојат како паметник на безумното владеење и безочното трошење на народните пари.СДСМ изгради и обнови 60 градинки, ВМРО-ДПМНЕ постави 60 споменици.
Заев, заедно со Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска прими делегација на Светска банка. Премиерот Заев на средбата ја истакна плодотворната соработка со Светска банка во широк спектар на области од клучно значење за Северна Македонија во последните години во реформирањето и модернизирањето на сите сегменти на македонската економија.
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека ги проценува податоците за третата или засилувачка доза на вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19, која се дава шест месеци по втората доза кај луѓе над 16 години.
„Државава нема да биде добро место за живеење за никого, доколку не ја направиме да биде добро место за живеење за секого.“ Ова не е изјава на некој македонски политичар во изминатите триесетина години, туку на американскиот претседател Теодор Рузвелт, таму негде од пред 120-тина години. Па, и најстарата демократија со пишан устав во светот, САД, знаеме, 234 години секојдневно се бори да го достигне идеалот на својот 26-ти претседател Рузвелт. И не им оди лесно… Честит празник! Заслуживме!, пишува САШО ОРДАНОСКИ/ ЦИВИЛМЕДИА
М. М.