ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Досега вкупно 181.620 Ковид -дијагностицирани, набрзо нова донација вакцини од Бугарија

September 9, 2021 07:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
foto: GEORGI LICOVSKI

foto: GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Повторно е критична состојбата со Ковид-19. Вчера починаа 24 лица, а беа регистрирани нови 702 заболени. Инаку, вакцинацијата се одвива непречено, а на 14 септември се очекува да пристигнат вакцините од „Фајзер“, како донација од Република Бугарија. Надлежните тврдат дека тие ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите.

На 14 септември ќе пристигнат вакцините од производителот „Фајзер“, а од Министерството за здравство информираа дека сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.

-Согласно договорот со Република Бугарија, вакцините ќе бидат достапни на 14 септември на нашите пунктови што значи дека има повеќе од доволно време да се искористат и ниедна да не биде уништена. Просекот на дневно аплицирани дози е околу 10.000 вакцини и најголем процент од нив се токму од производителот „Фајзер“, соопштија од ресорното Министерство.

Kако што велат од Министерството, граѓаните може да бидат спокојни дека сите вакцини ќе бидат безбедни и со важечки рок во моментот на вакцинирање.

Од Министерството  за здравство апелираат граѓаните масовно да се вакцинираат како би се заштитиле од вирусот.

Во меѓувреме, во тек е и теренска вакцинација. Според последните информации од Министерството, на вакциналните пунктови во државата и на терен, вакцинирани се вкупно 750.893 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.326.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 589.573 граѓани.

Според последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Надлежните повторно посочуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

-Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, информираат од Министерството.

Инаку, во државата не се намалува бројот на новозаболени. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нои 702 случаи на КОВИД, од направени 6.480 тестирања.

Вчера оздравеа 1 119 пациенти, а регистрирани се 24 починати лица од кои 21 во болнички услови.

Најмногу заболени има повторно во Скопје, каде вчера беа регистрирани нови 280 случаи, потоа во Струмица 49, и во Куманово 47.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153. Бројот на активни случаи изнесува 13.952.

Досега во земјата се направени вкупно 1.203.819 тестирање на Ковид-19./МИА/.

Next Post
МИА

Тројца обвинители од Тетово и двајца од Скопје вршат увид во ковид центарот во Тетово

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk