ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Косово: Убиени во меѓусебна пресметка актуелен и поранешен кандидат за градоначалник од иста партија

September 9, 2021 08:28
in ДЕНЕС, РЕГИОН
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Две лица се убиени во синоќешната престрелка во градот Пеќ во западно Косово, а според информациите кои ги објавија домашните медиуми, станува збор за пресметка меѓу лица од една иста партија – опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Повеќе извори објвија дека во вооружениот инцидент, во меѓусебна пресметка со огнено оружје, се убиени кандидатот на ПДК за градоначалник на Пеќ за локалните избори закажани за 17 октомври годинава, Астрит Адемај, како и членот на раководството на истата партија и нејзин поранешен кандидат за градоначалник на соседниот град Дечане, Блеранд Кадријај.

Според очевидци на настанот на кои се повикуваат медиумите, двете жртви биле заедно во локал во Пеќ и во еден момент настанала кавга меѓу нив, по што посегнале по оружје и почнале да пукаат еден кон друг. Во инцидентот учествувал и братот на Астрит Адемај, Авни, кој е пренесен во болница со прострелни рани.

Инцидентот во соопштение за медиумите го потврди и косовската полиција, без да наведе детали за идентитетот на жртвите и мотивите кои довеле до него. Во соопштенито се наведува дека полицијата била информирана за пукотници во локал во Пеќ, по што надлежни екипи излеглe на местото на настанот, а три лица со прострелни рани се пренесени во болница, каде што за две од нив е констатирана смрт.

Во врска со настанот се огласи и косовскиот премиер Албин Курти, кој преку неговата страница на Фејсбук им изрази сочувство на семејствата и блиските на загинатите, како и на нивните соработници од ПДК и воедно побара преземање на сите потребни мерки за целосно расветлување на случајот.

Актуелниот градоначалник на Пеќ, Газменд Мухаџери изјави за телевизијата Канал 10 дека семејствата на двете жртви имале конфликт од порано, а синоќа се состанале во локал во сопственост на семејството Адемај, со цел да најдат решение. Меѓутоа, изјави Мухаџери, наместо да се смират страстите, конфликтот ескалирал и завршил со тешката трагедија. /МИА/.

Next Post

Двајца новинари приведени и претепани бидејќи штителе жени во Кабул

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk