ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Подносителите на листи најдоцна до 23 септември ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

September 10, 2021 15:07
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори најдоцна до 23 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Национален демократски институт.

Како што информираше Борис Кондарко, член на ДИК на денешната јавна седница, бидејќи станува збор за локални избори, потпишувањето и промоција на овој кодекс ќе се одвива на две нивоа. Едното ниво ќе е директно организирано од ДИК преку нивните општински изборни комисии.

– Кандидатите во сите општински изборни комисии ќе го потпишат овој кодекс, што ќе биде значајно за средините во кои настапуваат како кандидати за нивните гласачи и за кампањата која ќе ја водат при претставувањето пред нивното гласачко тело, истакна Кондарко.

На второ или на централно ниво, ДИК во организација и заедничка соработка со Националниот демократски институт, ќе организира потпишување на овој кодекс најдоцна до 23 септември, на кој ќе бидат поканети овластени претставници на сите политички партии, односно подносители на листи. Јавноста ќе биде известена за настанот, и истиот ќе биде јавен.

-Согласно нашиот роковник и согласно одредбите од Изборниот законик надлежни сме и обврзани како ДИК да го донесеме и кодексот за фер избори кој ќе се однесува за сите учесници во изборите и кандидати на сите подносители на листи во кампањата, посочи Кондарко.

Тој напомена дека текстот на овој кодекс е стандарден од минатите избори со кои сите учесници се обврзуваат да се однесуваат коректно, со своите активности во изборниот процес согласно собраните практики, да ја потврдат и зголемат довербата во изборниот систем и изборните органи, да го почитуваат изборниот законик и на тој начин да допринесат кон севкупната позитивна слика за организацијата и одржувањето на изборите.

Исто така, дека нема со своите однесувања да бидат закана, ниеден граѓанин за своето поддржување или неподдржување на одредена политичка опција или кандидати нема да трпи никакви последици

Кондарко напомена дека ново е тоа што во текстот на кодексот ќе додадат дека се обврзуваат сите учесници кандидати да се воздржат од користење и на говор на омраза и било каква дискриминација по било кој основ посебно на пол и род.

-Сметаме дека со овој кодекс, ние како ДИК покрај законската обврска повикуваме, апелираме на овој начин да покрај дневната политика што е неизбежна во секоја изборна кампања, сепак основните вредности на демократијата, владеење на правото од фер и демократското и коректно однесување на сите учесници во изборниот процес, бидејќи и самите учесници покрај организацијата на изборите од наша страна, изборните органи, даваат свој белег на сликата за изборите со начинот на нивното однесување и типот на водење на нивната капања, додаде тој.

Кондарко потсети дека како ДИК се залагаат да изборите протечат во духот на овој кодекс за фер и демократски избори.

На денешната седница ДИК меѓудругото го усвои и предлог правилник за начинот на вршење на видео надзор во Државната изборна комисија.

-Вработени во ДИК заедно со овластен офицер за заштита на лични податоци, врз основа на веќе изготвена анализа на целите за кои се составува видео надзорот предлагам да носиме правилник за начинот на врешење на видео надзор во Државната изборна комисија, во службените простории на ДИК, во својство на технички мерки, во кои се применуваат за обезбедување тајност и заштита на личните податоци, рече потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

извор: МИА

Next Post

МЗ:Сите документи се спремни за увид, целосна поддршка за истрагата

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk