ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Оставките се висок морален и етички чин, следуваат oдлуки за одговорност утврдени исклучиво според фактите од експертската истрага

September 11, 2021 13:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се обраќа до јавноста и до претставниците на медиумите со соопштение кое се однесува на започнатата експертска истрага и на поднесените оставки за несреќата во ковид-центарот во Тетово.

Обраќањето ви го испраќаме во целост:

„Почитувани граѓани,

Огромни се тагата и жалоста низ кои поминуваме овие денови заедно со семејствата и блиските на загинатите при несреќата во тетовскиот ковид-центар. Веќе трет ден сведочиме дека трагедијата која се случи на 30-годишнината од денот на независноста ги покрена на највисоко ниво солидарноста кај граѓаните, респонзивноста на институциите и одговорноста на политичарите.

Поднесените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик-министерот Хасани и од директорите на тетовската болница Бесими и Етеми ги примив и ги разбирам како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи.

Истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар. Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија.

Во овие моменти на национална трагедија и на целосна мобилизација на сите државни и општествени капацитети околу целосно расветлување на случајот, упатувам благодарност до сите чинители кои во исклучително краток рок спасија човечки животи, обезбедија сериозни информации и анализи при истрагата, обезбедија врвна стручна странска експертиза, покажаа огромно чувство на солидарност и сочувство и демонстрираа највисоко ниво на одговорност.

Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага.

Одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки.

Апелирам до целиот народ, до јавноста и до претставниците на медиумите, сите да останеме фокусирани на истрагата и на фактите, да го одржиме силен националниот дух, иако сме облеани во тага, да бидеме ангажирани,  но и трпеливи, да ја поминеме оваа трагедија заедно и да помогнеме за никогаш повторно да не ни се повтори.

Најавувам дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопштам ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговарам на сите прашања од медиумите. Во меѓувреме, Владата, министерствата и сите надлежни институции остануваат отворени и достапни за сите ваши прашања.

Овие денови, внимателноста при јавните комуникации е исклучиво заради потребата на ниту еден начин да не се влијае врз темпото и квалитетот на истрагата, но целиот процес се води целосно транспарентно и според највисоките институционални стандарди и протоколи.

Ви благодарам.“

 

Next Post

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk