ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Гоу Венко, гоууу…

September 12, 2021 19:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Морбидни се и во реториката и во интонацијата вмороните и некои од антивладините идиоти, во кои, пред болката, жалоста, сочувството во вакви трагични моменти кои природно се појавуваат кај секој нормален човек, кај нив се препознава желбата за политизирање на трагедијата, нештедејќи ги капацитетите на пилешките мозоци, барајќи оставки и одговорности, небаре Венко, Заев и Ахмети го подметнале пожарот.

За нив е битно Венко да поднесе оставка од морални причини, за после тоа, да го нападнат со уште пожестоко оружје од фронтовските безбедни ровови во дивата палата со уште погнасните и поморбидни орудија, демек, ете го, конечно призна дека тој е “убиецот“, дека тој е најнеспособниот, и, како најголема кукавица се повлече од позицијата и избега од одговорноста. Да беше со чиста совест ќе останеше на позицијата да се бори до крај.

И да се разбереме, немојте воопшто да се чудите дека тоа ќе беше баш вака.

Гнасите вморонски немаат друга реторика, ниту интелигенција, а за морал, да не правиме муабет. Тоа е непозната категорија на вредности во нивните карактери. Немаат ништо друго, освен гола желба за устоличување на власт на најлесниот начин, па заборавајќи на сите трагедии, намерно предизвикани и природни катастрофи од децениското нивно владеење, единствениот излез за влез во владата го гледаат во накалемување на несреќите како најголема одговорност на владата, во случајов со Тетово, на Венко Филипче…

Пожарите низ државава не беа случајни, или барем така личеа, но, за тоа нека се изјаснат истражителите и обвинителствата, ама, за нив, за македонското зло пресликано во политичката партија ДПМНЕ таа несреќа во која изгореа илјадници хектари шуми во Македонија, беше причина за барање неотповиклива оставка на владата. Не за да изгаснат пожарите, туку тие да се устоличат на власт, па макар сите шуми во државата да изгорат. Истото беше со набавката и доцнењето на вакцините, со Ковид мерките, со избегнувањето на вакцинирањето, сега и со бојкотирање на пописот. Тие немаат друга цел, ниту намера, ниту имаат интелект за политичко противставување со власта, па, несреќите, сообраќајките, пожарите, недајбоже земјотреси и поплави, се најсилното орудие преку кои ја напаѓаат власта барајќи оставки, за да и во најголемите непогоди за државата тие се устоличат на власт. Страшно и морбидно, ама тоа е…

Во вториот фронт се истакнуваат феномените на мразачите на власта. Тие не се ДПМНЕ овци, ниту се симпатизери на оноа фашисоидно брадосано створче, тие се едноставно „мразачи“ на секој член на оваа власт, но, добро набилдани со сознанија за вистинските вредности во власта, па сите „отровни“ стрели ги усмеруваат кон Филипче и Заев. За Рада имаат нуклеарни полнења и најверојатно им се поодамна потрошени. За нив, не е битно дали ДПМНЕ со Мицко ќе дојде на власт или оноа брадосано неизживеано ем самобендисано типче, онаа карикатура од правник и политичар, за нив, најбитно е оваа власт со Заев на чело да ја снема. А најсилната карика во таа власт е Венко. И не чекаат да се распостелат со барање морал, со објаснување што е тоа морал, што е неморал, што е морална и што неморална оставка. Тие се разлигавуваат на секоја прилика, заради тоа што имаат свои лични интереси да ја нема оваа власт, а кој ќе дојде на нивно место, работата им е „Та преку Тасета“. Ниско, цинично, дрско, безобразно…

Што ќе добиеме со оставката на Филипче?

Ќе оживеат загинатите од пожарот во Тетово?

Ќе оживеат починатите од Ковидот?

Ќе престане да се шири заразата со Ковид?

Модуларните болници преку ноќ ќе се трансформираат во безбедносни бедеми изработени од титаниум?

Новиот Клинички ќе никне за два дена, ем супермодерен, ем поевтин?

Ќе престанат апелите за вакцинирање?

Ќе ги фрлиме маските?

Ќе престанеме да набавуваме лекови опрема и вакцини?

Сите кои чекаат трансплантации на срце и бубрези одеднаш ќе оздрават?

Паркингот на Клинички ќе биде бесплатен?

Венко нема да остане вечно на таа позиција. Но, кога и да замине, со оставка или без неа, единствено нешто што ќе добиеме, ќе биде фактот дека скептиците ќе си ги наполнат ситните души, а државата ќе изгуби голем човек на значајна позиција. Ништо друго. Кога повторно ќе им се испразнат, ќе видат колку вредел Венко. И тоа е нешто од ништото…

Венко, од таа позиција, за државата, за здравството, за издржливоста и посветеноста направи многу, а со понудената оставка Македонија доби уште еден ТОН НОРМАЛНОСТ. Да сум јас Заев, ќе му ја одбијам оставката…

Венко, го напаѓале или не, останува позитивна фигура која долго ќе се памети и ќе се споменува пред се заради човечката димензија, скромноста, посветеноста, професионалноста и нормалноста…

Гоу Венко, гоууу…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk