ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илиоска и Ангеловска: Првиот дигитален учебник по историја и општество за 4-то одделение нуди учење преку ситуации и примери од секојдневниот живот блиски на возраста на децата

September 12, 2021 12:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Материјалот за учење по предметот историја и општество за четврто одделение којшто е во дигитална форма нуди ситуации и примери од секојдневниот живот коишто се блиски до возраста на дечињата. Неприметно и на интересен начин преку содржините се воведуваат во критичкото размислување и учење од искуство, велат авторките Гликерија Илиоска и Анита Ангеловска.

Илиоска истакна дека поголемиот дел од материјалот е составен од повеќе вежби, активности, секојдневни ситуации, решавање на проблеми, дискусии, истражувања коишто ќе го подобрат потенцијалот на секое дете.

– Дигиталниот дел од материјалот за учење освен дадената содржина содржи квизови, прашања, видео материјали, галерија на фотографии коишто се поврзани со содржината и го развиваат потенцијалот и истражувачкиот дух на ученикот, вели Илиоска.

Авторката Ангеловска посочува дека изработката на материјали за учење претставувала огромен предизвик особено сега во време кога се подготвија нови наставни програми и тие наставни програми бараат постигнување на очекуваните резултати, националните стандарди и стандардите за оценување.

– Сите активности коишто се дадени во материјалите за учење се поврзани во интерес на учениците и развивање на нивното критичко и креативно мислење. Со колешката Илиоска работевме заеднички и имаме поттик во однос на креирање на материјали коишто ќе бидат од корист на учениците. Поддршката подразбира вклученост на сите образовни институции коишто се стручни, компетентни да определат ниво на материјали коишто се соодветни на возраста на учениците и соодветни за нивниот когнитивен развој, вели Ангеловска.

Образовната реформа започна да се спроведува на први септември годинава, во прво и четврто одделение, според нови наставни програми и материјали за учење. Во четврто одделение предност се дава на користењето на дигиталните учебници, се со цел да се постигнат подобри ефекти од наставната програма којашто е современа и прилагодена според потребите и потенцијалите на учениците.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Бранко Тричковски

Јазикот е полиграф за глупаците

НАЈНОВО

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

October 18, 2025
Фото: МИА

За уривање на спомен-куќата на Владо Малески, ОЈО Струга оформи предмет

October 18, 2025
Приказната за телескопите

Приказната за телескопите: Поглед кон вселената – од Галилео до Џејм Веб и Роман

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk