Во 12:00 часот премиерот Зоран Заев ќе има обраќање и ќе направи увид во завршната фаза на пречистителната станица во Штип како дел од ХС „Злетовица“.
Присутни на настанот ќе бидат и Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Милан Предан, амбасадор на Република Словенија во Северна Македонија, Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во нашата земја, Сашко Николов, градоначалник на Штип и Драган Анастасов, градоначалник на Пробиштип.
Локација: Населба Баби, Штип https://goo.gl/maps/45qMq6Cukvx6PraK8
Медиумски прашања се предвидени надвор по увидот и по обраќањата на говорниците.