ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

September 17, 2021 12:13
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПРАВДА
EPA-EFE/Georgi Licovski

EPA-EFE/Georgi Licovski

Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во вторникот добило документација за модуларната болница во Тетово од Бирото за јавни набавки, а вчера после 14 часот е добиена и од Министерството за труд и социјална политика. Дури денеска истражителите почнаа со првично разгледување на истата.

Ова денеска го изјави Вилма Русковска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, одговарајќи на новинарско прашање дали ја добиле документацијата, што се истражува и дали имаат некакви првични сознанија, за пожарот во тетовската модуларна болница.

– Утринава се почна со разгледување на документацијата и немам никакви поконкретни сознанија, нагласи таа, по денешната конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“, во организација на Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ).

Прашана што ќе проверува Обвинителството, Русковска потенцира дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е наделжно само во делот на јавната набавка и само тоа ќе се проверува односно дали се испочитувани процедурите, оваа набавка одела и според посебен Закон што го има донесено Владата. Тоа е само наша надлежност, подвлече, друго не.

Во врска со тоа дали имаат информации кој го направил техничкиот прием, Русковска повтори дека немаат информации за тоа, а техничката спецификација, како што информира, ја добиле на англиски јазик и веднаш ја скенирале и по мејл ја испратиле во Обвинителството во Тетово за да можат експертите од Германија да се запознаат со истата.

– Тоа се документи од набавката и колку што имам првични информации од наши експерти ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле одредени корекции на таа техничка документација и им испративме на колегите за да можат експерите да проверат дали модуларните болници се набавени и направени во согласност со таа техничка документација, која е одобрена од страна на Светската банка, појасни шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Русковска истакна дека Јавното обвинителство има посебна страница во рамки на Јавното обвинителството на Република Македонија и сите нивни предмети и известувања редовно се прикачуваат на таа страница. Не се согласува дека не се транспарентни и оти нема изјави, информации или соопштенија по предметите по кои тие постапуваат.

– Ние сме секогаш отворени за соработка, формално во рамките на тоа колку се дозволува да откриеме поединости за одреднеи предмети, изјави Русковска. /МИА/.

Next Post

За викендот дожд, грмежи и ветер

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk