ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Заев со емотивно видео за заедниците во земјава, солиден број граѓани попишани, вандалски чин во прилепската модуларна болница

September 19, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Македонскиот мозаик ги има најубавите бои. Боите на мозаикот се темелите на нашата граѓанска држава и слободна татковина. Држава на сите граѓани и на сите етнички заедници – Општество за сите. Едно, единствено и еднакво. Општество на мир и просперитет, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Со есенските месеци ризик факторите да се добие Ковид-19 ќе бидат многу високи. Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да се вакцинираат.

До 15 часот, попишани се 1.000.034 лица, известуваат од страната Попис 2021 на Фејсбук. Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет.

Интервенција во Кривичниот законик заради употреба на родово сензитивен речник, наспроти родово неутралниот, вметнување на родовата перспектива, гарантирање дека родовите димензии се земени предвид во дефинирањето на кривичните дела и постапките за спроведување на овој Законик, измени во однос на половиот напад и силувањето, измена со цел дефинирање на психичко насилство, инкриминирање на „демнењето“ и „половото вознемирување“ се предвидени во поднесениот Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Годинава проектиравме раст од 4,1 процент и просечен годишен раст од 5,4 проценти за наредните пет години. Следејќи ги позитивните економски трендови во текот на годинава  вклучително и третиот квартал, најверојатно ќе имаме нови проекции за повисок раст на БДП за 2021 година, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Вчера, на зајдисонце, во магичен амбиент, пред неколку стотини луѓе на археолошкиот локалитет „Стоби“ беше отворена голема изложба на дела од реномираниот скулптор Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница, соопштија од Министерство за здравство. Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Врз база на стара и нерелeвантна студија, претставена како нова, на Фејсбук група е пласирана невистинита објава дека лекот Ивермектин предизвикува неплодност кај огромно мнозинство од машката популација, пишува „Вистиномер“. Но според солидната анализа на „Вистиномер, не е точно дека Ивермектин предизвикува неплодност кај 85 проценти од мажите.

Деновиве капитулираше центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, во очај фотографии од пред две години ги објавуваат како сегашни за да пласираат соопштенија преку кои безобразно лажат, велат од СДСМ. Подмолноста и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски го достигнаа врвот.

Лоциран на повеќе од 200 милји северно од Арктичкиот круг, Тромсо, е дом на екстремни светлосни варијации помеѓу годишните времиња. За време на поларната ноќ, која трае од ноември до јануари, сонцето воопшто не изгрева. Потоа, деновите стануваат постепено подолги до периодот на Полноќното сонце, од мај до јули, кога никогаш не заоѓа. По полноќното сонце, деновите стануваат пократки и пократки до Поларната ноќ, а годишниот циклус се повторува.

извор: Википедиа

М. М.

Next Post

Скопје, Тетово, Куманово и Охрид со најмногу активни ковид случаи

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk