Лоциран на повеќе од 200 милји северно од Арктичкиот круг, Тромсо, е дом на екстремни светлосни варијации помеѓу годишните времиња, се вели во сторијата на „TheAtlantic.com“.
За време на поларната ноќ, која трае од ноември до јануари, сонцето воопшто не изгрева. Потоа, деновите стануваат постепено подолги до периодот на Полноќното сонце, од мај до јули, кога никогаш не заоѓа. По полноќното сонце, деновите стануваат пократки и пократки до Поларната ноќ, а годишниот циклус се повторува.
И покрај екстремната темнина на градот, минатите истражувања покажаа дека жителите на Тромсо имаат пониски стапки на зимска депресија отколку што би се очекувало со оглед на долгите зими и високата географска широчина. Тромсо е мал остров, приближно со иста големина како Менхетен, и е дом на приближно 70.000 жители, што го прави втор најнаселен град северно од Арктичкиот круг. Со се што некому може да му „треба“ – трговски центар, три главни шопинг улици и неколку киносали. Тромсо се чувствува повеќе како мало предградие отколку како град. Опкружено со планини и фјордови од сите страни, исто така делува изолирано и диво.
Авторот на рецензијата, го опишува Тромсо како доста пријателско место во кое што тој уживал во прекрасните глетки со пријатели што ги стекнал таму.
подготви: М. Миткоска