Новинарот поставува прашање „дали Заев е еден и единствен во партијата СДСМ и нема друг способен да го замени?”. Премиерот одговара дека таквото прашање е банално.
„Категорично ги отфрламе сите обиди да се презентира дека премиерот рекол дека прашањата за несреќата или за моралните оставки се банални. Тоа не е точно, напротив, премиерот на истиот прес се бореше за да обезбеди содветен амбиент за медиумите да ги постават своите прашања.
Повторуваме дека коментарот за баналноста е за прашањето дали немало друг способен во СДСМ освен премиерот, а не за прашањата за несреќата или за моралните оставки.“, велат од Владата.
Ова беше после свечена седница по повод јубилејот 75 години од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, на која присуствуваше премиерот Заев по повод Денот на пензионерите – 20 септември, после која се поставуваа новинарски прашања.