ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Морска слуз се појавува на плажите во Халкидики

September 20, 2021 12:09
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕГИОН
Морска слуз на плажа меѓу Ханиоти и Пефкохори, Халкидики, Грција, септември 2021 г. Фото: Мета.мк.

Морска слуз на плажа меѓу Ханиоти и Пефкохори, Халкидики, Грција, септември 2021 г. Фото: Мета.мк.

Share on FacebookShare on Twitter

Лигавата пена наречена морска слуз, што е резултат на глобалното затоплување, ова лето неколку пати се појавила на грчките плажи. Снимките од неколку од плажите на Халкидики направени овој септември посведочија дека навистина морето повремено исфрла таква пена, пренесеува МЕТА.

Научниците ја поврзуваат појавата на морската слуз со глобалното затоплување. Загревањето на атмосферата, благодарејќи на ефектот на стаклена бавча ја подига и температурата на океаните и морињата, со што ги прави попогодни за живот на одредени микроорганизми, а непогодни за останатите животни и растенија.

Морската слуз претежно се состои од фитопланктон, односно микроскопски алги. Сам по себе фитопланктонот не е штетен за околината, но во комбинација со зголемените температури на водата, отпадните води, пестицидите и глобалното затоплување, тој премногу се размножува и предизвикува штета на биодиверзитетот, го блокира влезот на сончевата светлина во морето и го намалува нивото на кислород во морето.

Морска слуз на плажа меѓу Ханиоти и Пефкохори, Халкидики, Грција, септември 2021 г. Фото: Мета.мк.

Според мерењата на Системот Посејдон, мрежа на научно-истражувачки станици која со подршка од државата и Европската Унија ја следи состојбата во грчките мориња, врелиот бран од втората половина на јуни 2021 година ја подигнал просечната дневна температурата на Егејското Море на 28 степени, што е 4 степени повеќе од претходните години.

Локалните жители во Пефкохори велат дека фолклорното шегобијно објаснение за оваа појава било „бабите викаат дека се работи за сапуница што доаѓа до брегот поради миење на бродовите“. Мештаните генерално не се желни да дискутираат на темата со странци.

Во текот на јуни, британскиот весник „Индепендент“ извести дека грчката влада покренала истрага за појавата на морска слуз во водите во близина на островот Лемнос.

Грчкиот весник „Екатимерини“ тогаш објави дека според истражувањето нарачано од Министерството за животна околина, феноменот е предизвикан од комбинација на загадување и високите температури.

Ставрос Статакис, потпретседателот на здружението на рибари од Лемнос со изјава за „Екатимерини“ предупредил дека морската слуз го отежнува рибарењето и ги брка туристите.

„Таа се појавува од време на време, но бргу ја снемува. За прв пат во последните десет години ја има во толку големи количини“, вели Статакис за „Екатимерини“.

Зголемувањето на количеството и зачестеноста на морската слуз е показател на ефектот на климатските промени предизвикани од луѓето преку испуштање јаглерод диоксид во атмосферата со горење фосилни горива (јаглен и нафта) и исфрлање отпадни материи во водните текови.

Годинешнава појава на морска слуз во Егејското Море е неспоредливо помала од неодамнешното пренатрупување на соседното Мраморно Море во Турција.

Како што извести „Глобал Војсис“, турските власти покренале акција на инспекции и чистење, при што претседателот Реџеп Таип Ердоган изјавил дека напливот на морска слуз е предизвикан од луѓето и компаниите кои фрлаат отпад во Мраморно Море.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk