Во период кога сите релевантни агенции за испитување на јавното мислење со своите истражувања потврдуваат дека Зоран Заев е најпопуларниот политичар, а СДСМ има поголема поддршка кај граѓаните за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, медиуми блиски до опозициската партија споделуваат истражување со дијаметрално спротивни податоци.
Токму денот кога беше обелоденета анкетата на „Брима“ каде се потврдува повисокиот рејтинг на Заев за сметка на неговиот политички опонент, се појави истражување на досега непознатата „Организација за граѓански активизам и независност”, која, како што се наведува, спровела теренско истражување од периодот на 1 септември до 9 септември 2021 на репрезентативен примерок на 1.149 испитаници. Според истражувањата на оваа анонимна за јавноста агенција, во водство според личните рејтинзи е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Впрочем, од опозициската партија денеска се обидоа да ја дискредитираат анкетата на „Брима“, а само по неколку часа на медиумите блиски до нив, осамна истражувањето кое дава предност на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, што дополнително влева сомнеж во веродостојноста на податоците поради времето на објавувањето.
ВМРО-ДПМНЕ и претходно кога беше на власт важеше за партија која тесно соработува со агенции водени од личности блиски на раководството и објавуваше истражувања кои им одговараат на политичкиот амбиент, а всушност и обвинителите ја посочија партијата како субјект кој незаконски влијаел на слободно изразување на гласачката волја.
Д. Е.