ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев убедливо пред Мицкоски според анкетата на „Брима“

September 20, 2021 08:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во пресрет на локалните избори, во државата е направено теренско истражување на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазаување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%, објави ексклузивно „Слободен печат“.

И во оваа анкета најпопуларниот политички лидер во Македонија е Зоран Заев, кој со своите 11,8% од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски (7%). Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).

За „водечкиот“ Заев „многу благонаклон“ и „донекаде благонаклон“ став искажале 13,6% и 17,8% од испитаниците, додека за „донекаде благонаклон“ и „многу неблагонаклон“ став се определиле 18,7% и 46,9% анкетирани. За споредба, на Христијан Мицкоски „многу благонаклоно“ гледаат 8,3% и „донекаде благонаклоно“ 15,8% од анкетираните, а комбинираниот скор на „многу“ и „донекаде“ неблагонаклонетост надминува 71% од испитаниците. Во случајот на албанските лидери таа дискрепанца е уште поголема.

Кога станува збор за натпартиската функција на претседателот Пендаровски, за него расположението е релативно поврамнотежено: тој одредена благонаклонетост предизвикува кај 40% од анкетираните, наспроти 56,5% неблагонаклонетост. Тоа е многу слично со комбинираниот скор на Венко Филипче, на пример, за кого благонаклон став изразиле речиси 41% од анкетираните, а скорот кај оние кои неблагонаклоно гледаат на него и неговата работа е нешто над 56%.

Извор: Слободен Печат

Next Post

„Брима“: Граѓаните најмногу ги мачат невработеноста, состојбата со пандемијата, нискиот стандард...

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk