ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Брима“: Се намалува етничкиот јаз

И Македонците и Албанците најмногу се согласуваат во едно – дека меѓуетничките односи не спаѓаат во главните проблеми со кои се соочува земјата – покажува редовниот политички барометар изработен од агенцијата „Брима“ во периодот од 27 август до 9 септември годинава.

September 21, 2021 08:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И Македонците и Албанците најмногу се согласуваат во едно – дека меѓуетничките односи не спаѓаат во главните проблеми со кои се соочува земјата – покажува редовниот политички барометар изработен од агенцијата „Брима“ во периодот од 27 август до 9 септември годинава, ексклузивно објавува Слободен печат.

Албанците во Македонија се поголеми оптимисти за иднината на земјата, повеќе веруваат во успехот на нејзините евроатлантски интеграции, како и во помошта од НАТО и САД, но имаат помала доверба во државните институции, особено во полицијата, а сосема се на исто мислење со Македонците кога е во прашање опасноста од епидемијата со ковид-19 и штетната улога на корупцијата врз иднината на државата. И Македонците и Албанците најмногу се согласуваат во едно – дека меѓуетничките проблеми не спаѓаат во главните проблеми со кои се соочува земјата – покажува редовниот политички барометар изработен од агенцијата „Брима“ во периодот од 27 август до 9 септември годинава, според методот „лице в лице“, во домовите на испитаниците.

Во истражувањето, со кое беа опфатени 1.201 испитаници, беа запазени демографските карактеристики на популацијата, како и етничката припадност на испитаниците. Во резултатите е дадена и распределбата на одговорите според етничката припадност, од кои може да се извлечат интересни заклучоци за расположението на граѓаните од различни заедници и односот меѓу нив.

Економски песимизам и оптимизам

Очекувано е тоа што на прашањето кои се главните проблеми во земјата, во кое се наведуваат 36 ставки, од невработеност, корупција, екологија, па сè до политички проблеми, како што е блокадата од Бугарија, како најголем проблем и Македонците и Албанците ја наведуваат епидемијата со ковид-19. Како најголем проблем ова го посочиле 27,7 отсто од испитаните Македонци и 24,4 отсто од испитаниците Албанци. Кај другите националности тој процент е 20,0, а вкупниот резултат е 26.0.

Исто така, речиси исти одговори давале и Македонците и Албанците на прашањето дали корупцијата е еден од главните проблеми во земјата (10,6 и 10,5 отсто), но изненадувачки диспаритет се појавува во односот кон прашањето на криминалот воопшто. Криминалот како еден од главните проблеми во земјата го посочиле 12,9 отсто од испитаните Македонци, а само 1,1 отсто од испитаниците Албанци. Кај останатите националности тој одговор го дале 10,6 отсто од испитаниците, а просечната вредност односно крајниот резултат е 9,5 проценти.

Меѓуетничките тензии изгубиле здив

Индикативни, а и охрабрувачки се одговорите диференцирани по етничка линија за перцепцијата на самите меѓуетнички односи во земјата. Меѓуетничките односи како еден од главните проблеми во земјата ги посочиле само 0,3 отсто од испитаниците Македонци и 0,4 отсто од испитаниците Албанци. И т.н. Тиранска платформа, која беше многу актуелна во еден период, се смета за голем проблем само кај 0,1 отсто од македонските испитаници. Внатреетничките односи исто така ретко се перципираат како сериозен проблем – 0,3 отсто кај Македонците и 0,2 отсто кај Албанците. Дипломатскиот проблем со Бугарија го сметаат голем проблем 0,2 отсто од Македонците и 0,5 отсто од анкетираните Албанци.

Кај економските проблеми постојат големи разлики во одговорите, гледано според етничката припадност на испитаниците. Невработеноста како главен проблем во земјaта ја навеле 53,1 отсто од испитаниците, а само 21,7 отсто од испитаните Македонци. За другите националности добиени се 34,3 отсто такви одговори, а кумулативниот резултат за невработеноста како главен проблем во земјата е 31,5 отсто. На сличен начин, сиромаштијата и нискиот стандард како главен проблем го навеле 18,6 отсто македонски испитаници, а високи 26,0 отсто од албанските. Слично е и за индикаторот „скапотија, високи цени“, кого како главен проблем го посочиле 12,7 проценти од Албанците, наспроти 5,4 проценти од Македонците, анкетирани во истражувањето.

Истовремено, се чини дека албанските испитаници се позадоволни од квалитетот на државните услуги и функционирањето на институциите (школство, здравство), отколку македонските. Ова е проблем за 6,2 отсто Албанци и за 16,2 отсто испитани Македонци. Од друга страна, Албанците се понезадоволни (8,5 отсто) од инфраструктурата (канализации, патишта), во споредба со Македонците (2,3). Понезадоволни од функционирањето на актуелната влада се Македонците (4,2) во споредба со Албанците (1.0), при што вкупниот резултат за овој показател изнесува 3,1.

Албанците се, изгледа, поголеми оптимисти кога е во прашање иднината на земјата. За 34,3 отсто од испитаните Албанци земјава се движи, генерално, во правилна насока, а за 58,4 од истите – во погрешна. Кај Македонците, 28,6 отсто одговориле дека земјата оди во правилна, а дури 65,0 отсто – во погрешна насока. Во согласност на ова, гледано една година нанапред, повеќе Македонци очекуваат да им се влоши економската состојба, (36,6 отсто), а помалку Албанци (28,3). Исто така позадоволни од сопствениот економски напредок во изминатата година се Албанците (14,2), во однос на Македонците (11,2 отсто).

Полицијата и Пендаровски „непопуларни“ кај Албанците

Кога е во прашање довербата во државните институции, интересни одговори има кај довербата во полицијата и во институцијата претседател на државата. Во полицијата голема доверба имаат 9 отсто од Македонците, а само 3,2 отсто од Албанците. Истовремено, голема недоверба во полицијата имаат дури 25,7 отсто од Македонците, а 17,6 отсто од Албанците. „Донекаде немаат доверба“ во МВР 28,3 отсто од анкетираните Македонци и 30,1 отсто од анкетираните Албанци.

Голема доверба во претседателот на државата имаат 9,9 отсто од Македонците и 2,7 отсто од Албанците, а воопшто немаат доверба 35,6 отсто од Македонците и 26,5 отсто од анкетираните Албанци. Во Владата воопшто немаат доверба 43,6 отсто од Македонците и 28,8 од Албанците, Голема доверба Владата ужива кај 5,6 испитаници Македонци и кај 3,4 испитаници Албанци.

Довербата во судовите, локалната самоуправа и Собранието е традиционално ниска и кај сите етнички заедници изедначено.

Албанците имаат поголема доверба во своите политички партии, во однос на Македонците (5,0 во однос на 1,5 отсто кои имаат „голема доверба во партиите“). Воопшто немаат доверба во партиите 29,9 отсто од испитаниците Албанци и 39,9 отсто од испитаниците Македонци. Слична е недовербата и кај другите националности – 27,0 отсто. Во опозицијата воопшто немаат доверба 40,5 отсто од Македонците и 33,3 отсто од испитаните Албанци.

Тивка „студена војна“ во должина на етничките линии

Довербата во Европската Унија се чини дека опаѓа со различна брзина кај граѓаните од различна етничка припадност во земјата. „Голема доверба во Европската Унија“ имаат 37,0 од анкетираните Албанци, а само 11,9 отсто од анкетираните Македонци. Воопшто немаат доверба во ЕУ дури 28,0 отсто од Македонците, а само 3,3 отсто од Албанците опфатени со анкетата.

Во НАТО имаат голема доверба 43,1 отсто од албанските испитаници, и 13,2 проценти од македонските. Воопшто немаат доверба во НАТО 28 отсто од Македонците, а само 3 од Албанците кои учествувале во анкетата.

Диспаритет постои и во однос на довербата кон САД. Голема доверба во стратешкиот сојузник на Република Северна Македонија имаат 37, 6 отсто од Албанците, што е помалку од довербата во ЕУ кај оваа категорија испитаници (43,1). Во САД голема доверба имаат 5,1 отсто од Македонците, а воопшто немаат доверба 32,0 испитаници. Кај Албанците процентот на тие што немаат никаква доверба во Американците изнесува 6,8 отсто, а кај останатите националности 28,85 отсто.

Работите се обратни во поглед на довербата кон Русија. Голема доверба кон оваа земја имаат 11,3 отсто од Македонците, а 3,4 отсто од Албанците опфатени со анкетата. Воопшто немаат доверба во Русите 16,5 отсто од анкетираните Македонци и дури 56,0 отсто од анкетираните Албанци.

Извор: Слободен печат

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk