ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција на која ќе стане збор за информациите и анализите што произлегуваат од досегашниот мониторинг на изборниот процес. Прес конференцијата на ЦИВИЛ ќе се одржи денеска (вторник), 21 септември, во 12 часот на македонски и во 12:30 часот на албански јазик, во Прес центарот на организацијата што се наоѓа на 3. кат во Бизнис центарот „Палома Бјанка“.
Претставниците на ЦИВИЛ ќе говорат на повеќе теми и прашања поврзани со изборниот процес. Каква е политичката кампања, кои сѐ злоупотреби ги нотираат мониторинг тимовите на Цивил, злоупотреба на децата во изборен контекст и други наоди и препораки се дел од обемниот материјал со кој располага организацијата и секојдневно го споделува во медиумите. На пресот ќе стане збор и за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.
По презентацијата на наодите и информациите поврзани со изборниот процес, претставниците на ЦИВИЛ ќе дадат и изјава по повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот.
Пресот ќе биде емитуван онлајн на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Новинарките и новинарите ќе имаат можност и за онлајн вклучување на Зум, со претходна најава по мејл или по телефон, најдоцна до вторник, 21 септември, 11:30 ч. Физичко присуство е дозволено за најмногу четворица, за што е потребна претходна најава од редакциите. Пред самиот почеток на пресот, ќе биде дозволен пристап на фоторепортерите, по што тие може да заминат, за да им отстапат простор на камерманите. На пресот е дозволено присуство само од вакцинирани лица, со заштитни маски. Редакциите се молат за разбирање за овие процедури кои се исклучиво наменети за заштита од КОВИД-19.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (обврска да се наведе линк до изворот).