На УС Опен, Новак беше блиску до освојување на календарскиот слем, нешто што само Род Лејвер успеа да го направи.
За жал, Новак беше поразен во финалето од Данил Медведев.
Федерер верува дека подвигот на Лејвер може да се повтори.
Мислам дека е можно вакво нешто да се повтори. Новак, Рафа и јас се приближивме многу, но мислам дека ви треба малку среќа за таков подвиг. Треба да бидете упорни, силни. Мора да користите сè што знаете. Затоа мислам дека ќе биде тешко, но не и невозможно“, рече Федере.
– Она што Новак го направи оваа година е исклучително. Морам да прашам што му минуваше низ главата на Лејвер, кога од првиот ред го гледаше Новак како игра, истакна Федерер.
извор: Tenis u zhivo