Денешниот Меѓународен ден на мирот е одбележан со пораки посветени на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување… Колкава е разликата од минатогодишната бруто-плата споредено со овогодинешната? Што предизвикува негативната кампања кон Зоран Заев од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски? Разговорите со Софија продолжуваат и без политичка влада.
ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА
Денеска Меѓународниот ден на мирот го одбележуваме со повикот на Генералното собрание на Обединетите Нации да запре говорот на оружјето во сите делови на светот каде што има вооружени конфликти и овој ден да го посветиме на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук.
Разговорите со Бугарија за надминување на разликите и деблокада на нашата евроинтеграција продолжуваат и покрај тоа што се уште нема политичка влада во Софија, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Комуникацијата продолжува помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој период се разговара.
Министерството за труд и социјална политика апелира до пратениците од опозицијата да не ја кочат собраниската процедура за Предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор.
Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28.540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42.627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.
ЛАЖНИ ВЕСТИ
Одговорното настапување, укажувањето почит кон политичкиот противник и давањето внимателно избрани изјави поткрепени со факти на синоќешниот дуел потврдија дека премиерот Зоран Заев има план за иднината, додека пак анкетите покажуваат дека граѓаните знаат тоа да го препознаат. Атмосферата веројатно беше подгреана и од анкетата на „Брима“ која беше објавена вчера, но лажните вести на Мицкоски наидоа на „вистиномерот“ Заев.
Пред секои избори пропагандната кујна на ВМРО-ДПМНЕ шири резултати од лажни анкети спроведени од сомнителни агенции, институти или организации. Исто како што една седмица пред локалните избори во 2017, ВМРО-ДПМНЕ ширеше лажни анкети од нивните партиски институти и агенции дека Коце Трајановски водел во Скопје над 10% пред Петре Шилегов.
ПАНДЕМИЈА
Кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап и мултиспектрално управување, не само во нашата земја, туку и во многу земји во светот, напиша на својот Фејсбук профип министерот за здравство Венко Филипче.
ФРОНТ:
Она што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават со негативната кампања кон Зоран Заев, преку соопштенијата, прес-конференциите, вклучувајќи ги и ТВ-дуелите, неизбежно провоцира реакција кај граѓаните, со која му даваат поддршка на лидерот на СДСМ… „Не сте сите исти“, господине Мицкоски!, пишува ЉУБИША НИКОЛОВСКИ / СЛОБОДЕН ПЕЧАТ
М. М.