ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Има разлика: Заев фрла ѓуле, Мицкоски вози стипл-чез

Човек да помисли дека, да е кој било друг политичар од другата страна на Заев, денеска лесно би поентирал во еден предизборен ТВ-дуел. Но, не и Мицкоски...

September 22, 2021 09:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Како после секој ТВ-дуел меѓу Заев и Мицкоски, не е толку тешко да се оцени кој „победил“ во таа долга, на моменти мачна дебата што ни ја одзема целата вечер (со непристојно долгите распродадени паузи за реклами, како да се работи за борба на петли) минатиот понеделник. Тоа е така бидејќи лидерот на власта и водачот на опозицијата се двајца потполно различни политичари и по своите лични карактеристики и по своите политички, лидерски капацитети и портфолија, па како да играат во различни спортови: Заев фрла ѓуле, Мицкоски си вози стипл-чез.

Бидејќи Заев има долга, тешко стекната раководна партиско-државна историја и во опозиција и на власт… Мицкоски само долго има голема желба да дојде на власт. Искуствата им се потполно различни, посебно чувството за одговорност и „тежината“ од носењето тешки државнички одлуки – Заев е веќе влезен во македонската историја, додека Мицкоски „од клупата“ редовно се загрева покрај теренот и повремено вика „Уа судија!“.

Овој дуел ме потсети на еден друга дебата за време на претседателската кампања во октомври 1994 година: од едната страна крутиот, смирен, со долга комунистичка функционерска биографија, државничкиот „гигант“ Киро Глигоров; наспроти интелигентниот, жовијален, со долга интелектуална биографија во комунизмот, режисерот Љубиша Георгиевски… Георгиевски, неоптоварен од потребата за коректност, па дури и елементарно домашно воспитување – со спомнување на политички и приватни биографски детали за Глигоров кои и во ерата на денешниве социјални медиуми би звучеле непристојно – го направи Глигоров „партали“ во нивниот единствен радиски дуел, до таа мера што искрено скандализираниот Глигоров потоа одби да се појави на следниот, телевизиски предизборен дуел. (Патем, Георгиевски си го доби својот дел од времето на „дуелот“ на МТВ, со празно столче на местото на Глигоров…)

По тој вид на дебата, изборниот резултат беше 78,4% освоени гласови за Глигоров, наспроти 21,6% за Георгиевски.

Слично ми се стори некни со, меѓу другото, и десет пати повторената алузија на Мицкоски дека лично Заев е виновен што „живи луѓе гореле во Тетово“, што е еден прилично низок и неодмерен безобразлук што нема врска со реалноста, уште помалку со сочувството кон настраданите, но има врска со тешките фрустрации што лидерот на опозицијата мора да ги чувствува поради Заев кого, иако го смета за интелектуално и политички инфериорен, со години не може да го победи на избори. Не е случајно што и во последната анкета на угледната агенција БРИМА, дури и со ова портфолио на проблеми, постигања и политички промашувања со кои се справува (и ги произведува) Заев изминативе неколку години на власт, Мицкоски континуирано значително заостанува во лидерскиот рејтинг зад Заев. Просто, не може да ја потисне суетата којашто му е надуена како балон за летање исполнет со топол воздух кој е со помала специфична густина од „атмосферата“ што ја произведува суетата на неговиот конкурент Заев во секое доба од денот и ноќта.

Заев, пак, во дуелот имаше бремена агенда за „бранење“: смртноста од ковид (тешко одбранливо), понудените оставки по трагедијата во Тетово (тешко одбранливо), состојбата со корупцијата (тешко одбранлива), состојбите во ковид-економијата (полесно за бранење), односите со Бугарија (тука од пред извесно време не се ни брани, туку напаѓа), разно-разните афери и скандали (и тоа тешко се брани)…

Човек да помисли дека, да е кој било друг политичар од другата страна на Заев – а кога си на власт, секако во дуелите си страната која е под дефанзивен притисок – денеска лесно би поентирал во еден предизборен ТВ-дуел. Но, не и Мицкоски, кој никако не може да се ослободи од својата ароганција и со ставовите да се приближи „кон народот“, да освои поголеми предизборни симпатии и наклонетост на гласачите во јавноста. Напротив, и по овој лидерски дуел, сите се свесни за потфрлањата и успесите во владеењето на Заев – и за сеирот што го тера „резервниот играч“ Мицкоски трчкајќи покрај теренот и викајќи „Уа судија!“.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Северна Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk