ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во изминатата недела помалку новозаразени со Ковид-19, вакцинирани вкупно 774.422 граѓани

September 22, 2021 08:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за јавно здравје во периодот од 13 до 19 септември регистрира помалку новозаразени со Ковид-19. Во државава досега се вакцинирани вкупно 774.422 граѓани. Согласно вчерашните податоци регистрирани се нови 554 случаи на Ковид-19 од направени 4.072 тестирања. Оздравени се 891 пациенти, а пријавени се 17 починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Во периодот од 13 до 19 септември годинава тестирани се вкупно 28.972 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,2 проценти во однос на минатата недела, се вели во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Регистрирани сe 3.340 нови позитивни случаи од 32 градa во државата, за 3,7 посто помалку од минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 14,3 проценти, просечно 11,4 посто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.669; 50,0%), a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци – 280,8/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица
на возраст над 60 години (n=979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=143; 4,3%).

– Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5 посто и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2 проценти, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Како што соопшти вчера Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.

Со последните бројки, како што се посочува, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, стои во соопштението на МЗ.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап и мултиспектрално управување, не само во нашата земја, туку и во многу земји во светот. 

Во обраќањето вчера на Форумот организиран од Евроатланскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО и Центарот за управување со кризи (ЦУК), Филипче ја потенцирал важноста за учеството и организацијата на повеќе експертски системи и институции, светски и домашни, есенцијалната важност при взаемната соработка и размената на податоци како клучен фактор за справување со пандемијата.

– Научивме многу во однос на тоа и сега знаеме кои различни системи во различни сектори треба да ги подобриме во организациската поставеност и во однос на меѓусебната соработка. Она што го научивме за време на справувањето со кризата е важноста на комуникацијата и соработката со јавноста помеѓу институциите. Придонесот на СЗО во целиот овој процес со размена на информации, искуства и знаења од претходните пандемии и целосна поддршка во овој период и од страна на регионалниот директор Ханс Клуге, кој беше цело време на наше располагање, Светската банка која го обезбедуваше целиот овој период со заеми што помогнаа да се одговори на вирусот за потребите на здравствениот систем. НАТО, особено секторот за управување со кризи, без кој можам да кажам дека не би можеле веднаш да управуваме со кризата во врска со потребата од заштитни материјали, машини, дијагностика, опрема и инструменти кои беа многу потребни за лекување на пациентите во болниците, истакнал Филипче./МИА/. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk