Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска ќе извршат увид во изградбата на втората фаза на експресниот пат Штип – Радовиш, во должина од 16,9 километри.
Првата фаза од експресниот пат од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим беше пуштена во употреба во јуни годинава. Втората фаза од патот ги опфаќа делниците од клучка Три чешми до Штип-Југ, како и делницата од Бучим до Радовиш.
Инвестицијата во експресниот пат, со вкупна должина од 40,46 километри, изнесува 60 милиони евра./МИА/.