ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Меѓународниот фестивал „ Денови на комедија“ започнува в понеделник

September 23, 2021 17:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со претставата „ Партија реми“ на Драмски театар Скопје, в понеделник ќе започне 24-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во НУЦК  „Трајко Прокопиев“. Публиката ќе има можност да гледа неколку претстави од Македонија и земјите од соседството. На првата фестивалска вечер ќе биде доделена и наградата „Васил Иљоски“. Годинава наградата ќе биде врачена на актерката Стојна Костовска.

Од националната установа се надеваат на успешен фестивал, а што се однесува до подготовките, целосно се завршени, а запазени се и сите епидемиолошки мерки во салата како што налагаат пропишаните здравствени протоколи.

-Годинава ќе настапат театри од Македонија, Србија, БиХ и Хрватска. Во веќе утврдената програма има мали измени. Откажано е гостувањето на претставата од Бугарија поради епидемиолошките мерки во земјата, а се додава. На нивно место ќе гостува актерот Зијад Соколовиќ од Сараево. Неизвесно е и играњето на кумановската претстава „Какао“ поради фактот дека дел од екипата е ковид позитивна и наместо нив ќе се игра некоја друга претстава за која организаторите дополнително ќе одлучат. Епидемиолошката состојба се менува постојано и ќе ги следат сите здравствени проколи и мерки од кои зависи и играњето на дел од претставите кои можат да бидат откажани и во последен момент доколку дојде до измени на протколите или некој од актерите не успее да допатува, рече Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Од вкупно 670 места во салата, ќе бидат пуштени во продажба околу 200 билети согласно ковид протоколите, по цена од 150 денари. Продажбата на билетите започнува утре.

– Свесни сме дека живееме во време на пандемија и дека театарската уметност да рече е најпогодена во овој период, но се бориме, целата институција застанува зад фестивалот и макотрпно работи овој фестивал да се претстави во најдобро можно светло. Сите претстави се добри и се надевам дека актерите и претставите од страна ќе успеат да дојдат и дека нема да имаме никаков проблем и мораме да бидеме навистина претпазливи бидејќи секој ден се повеќе се влошува епидемиолошката состојба, изјави Владанка Крстевски, актер

Генерални покровители на фестивалот се Министерството за култура од чиј буџет се издвоени 700.000 денари и Општина Куманово, која фестивалот „ Денови на комедија“ годинава го поддржа со 300.000 денари буџетски средства.

извор: твплус.мк

Next Post

Османи во Њујорк положи цвеќе на Меморијалниот музеј за 11-ти септември

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk