ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одговорност ќе има, но исклучиво заради причините и аргументите на основа на вештачењето, порача Заев

September 23, 2021 22:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мене ми се потребни влезните информации од извештајот, за да можам мирно да спијам и слободно да ја донесам и оправдам одлуката, без разлика дали е оставка и прифаќање или, пак, неприфаќање, изјави премиерот Зоран Заев, во однос на  одлуките за оставките на првите луѓе во здравството по пожарот во тетовската модуларна болница.

Заев, во вечерашното гостување на Телевизија 24, посочи дека чека на тоа што ќе се потврди со, како што кажа, „професионалното, целосно независно вештачење“.

– Штом ќе се соопштат причините за пожарот, сите детали неопходни, тогаш јас ќе можам да изградам свој став по основ на овие, според мене, високо етични морални чекори кои што се направија од страна на министерот, заменик-министерот, директорот, и економскиот директор таму, изјави премиерот.

Тој потенцираше дека одговорност секако ќе има, но исклучиво заради причините и аргументите кои што ќе бидат на основа на вештачењето.

– Не би бил чесен ако кажам дека не сум задоволен од Филипче и заменикот Илир Хасани. Задоволен сум. Тоа го кажуваат граѓаните на сите истражувања и анкети. Зошто, заради начинот на однесувањето за време на пандемијата, начинот како се справуваше со сите одговори, прашања, транспарентноста, стабилноста, работењето со експертите, со сè. Втора работа, како кај секој човек, и кај мене, пандемијата трае, бројките се на едно лато и не се спуштаат, уште траат, горе се и треба и со тоа да се управува. Тука е одговорноста, ќе учите некој следните шест месеци, која е цената што ја плаќате со тоа, а притоа не знаете, има ли вина човекот, и заменикот, и директорите, зборувам за сите, потенцираше Заев.

Премиерот изјави дека тој не е човек кој што така лесно се откажува од добрите луѓе кои што ѝ служат добро на државата.

– Дали има некаде пропусти, дали има невнимание, многу често, етичкиот дел се дава од тоа да се испрати пораката за да следните, не само министер за здравство, и други, внимаваат на процедурите, на принципите, на сè. Тоа е односот кој што сакаме да го воочиме, и од тука, како секој човек, сакам да донесам свој став и свој заклучок, посочи Заев.

Во однос на прашањето дали може да се спореди со оставката на Миле Јанакиески, поради несреќата на бугарските туристи на Охридското езеро, која Груевски, своевремено не ја прифати, Заев изјави дека се работи за различни околности, времиња и луѓе, но, и покрај тоа, смета дека Миле Јанакиески, не бил виновен за несреќата бидејќи, како што кажа не ги знаел околностите за истата и не е фер да обвинува.

извор: МИА
Next Post

Заев: Победници сме сите, ако имаме европски избори, чисти, кристални и демократски јасни

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk