ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лага е дека Филипче десетина дена по пожарот во Тетово заминал на плажа во Грција

September 23, 2021 11:06
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 19 септември, сакајќи да го девалвира министерот за здравство, Венко Филипче, го соопшти следното:

И во криминалот и во одморот се заедно, Венко Филипче и семејството Заеви, Зоран и Вице. Видовме од фотографиите по социјалните медиуми дека за Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово. Но, затоа десетина дена по случајот во Тетово, каде изгоре модуларната болница, ниту има детали за починати, ниту нивен идентитет…

[Извор: Сител телевизија;Датум: 19.09.2021]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ваквото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ следуваше откако на социјалната мрежа Твитер, на 18.09.2021 година се појавија фотографии од министерот за здравство, Венко Филипче и бизнисменот Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, како одмораат на плажа во Грција. Профилот на Твитер, кој ги сподели фотографиите, тврди дека Филипче и Заев биле на одмор „минатиот викенд“ (12-13 септември).

Минатиот викенд Вице Заев и Венко Филипче на текила забава во Пефкохори. pic.twitter.com/YBc1KUB4AA

— Nevidliviot (@Nevidliviot1) September 18, 2021

Фотографијата експресно ја пренесоа некои портали како Лидер и Република.

По ваквите објави со своја реакција се јавија од владејачката СДСМ од каде нагласија дека фотографиите со Филипче и Заев биле стари и злоупотребени за манипулација.

Деновиве капитулираше центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ во очај, фотографии од пред две години ги објавуваат како сегашни, за да пласираат соопштенија преку кои безобразно лажат. Подмолноста и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски го достигнаа врвот. Уште еднаш се потврди дека за оваа партија ниту се важни граѓаните, ниту е важен здравствениот систем, ним им е важно само да се обидат да спечалат некаков ситен политички поен дури и во време на големи несреќи, пренесе Фактор.

 Со реакција повторно се јавија од ВМРО-ДПМНЕ:

Браќа по одмори и браќа по криминал. ВМРО-ДПМНЕ не е извор на фотографиите на Вице и Венко од грчките плажи, но е извор на несомнениот заклучок дека се бизнис ортаци, нешто што го призна самата партија. Добро е што СДСМ ја призна нивната автентичност, а тоа покажува какви криминални врски има кланот Филипче-Заев. Токму затоа цела влада се крена да го брани Филипче, кој е директно одговорен и надлежен на изгорената болница каде загинаа 14 лица. Вице Заев и Венко Филипче се лице и опачина на криминалот на оваа власт.

Точно е дека СДСМ ја призна автентичноста на фотографиите, но, исто така, рекоа и дека фотографиите се од пред две години, а не од „минатиот викенд“, што ВМРО-ДПМНЕ првично го злоупотреби за да ја манипулира јавноста дека министерот за здравство по десетина дена од трагичниот пожар во Тетово одморал на плажа во Грција.

Дека фотографиите со Филипче и Заев се стари неколку години, за „Вистиномер“ потврдија и од кабинетот на министерот за здравство.

Имајќи го сето ова предвид, тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека „Филипче по десетина дена од пожарот во Тетово одморал на плажа во Грција“,  го оценувааме како невистинито.

Анализира: Вистиномер.мк

Next Post
Quinho Ravelli

Лажни вести

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk