ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Односот со Бугарија се измести откако таа го прекрши Договорот за добрососедство

September 24, 2021 12:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Односот со Бугарија се измести отако таа го прекрши членот 2 од Договорот за добрососедство, којшто зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку пак ќе не блокира. Ние доживеавме две вета и проблематизирање на нашиот јазик. Нема напредок во атмосфера на уцена. Потребна е заемна доверба и почит за напредок во дијалогот за сите прашања, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

–Во принцип на Договорот за пријателство со Бугарија беше владите, политичките лидери да се бават со сегашноста и со иднината, а историчарите да се бават со историјата. Тоа што политиката може да го прави е да создаде поволна клима – општествата, академските кругови, членовите на комисијата за историски развојни прашања да разговараат слободно и отворено. Тоа што се случи е – односот се измести бидејќи Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот којшто зборува дека Софија ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага, најмалку пак ќе не блокира. Ние доживеавме две вета, доживеавме и проблематизирање на нешто што е многу внатрешно, нашиот јазик – македонскиот јазик на европско ниво и во таа смисла овие чекори го направија вистинскиот искрен дијалог многу тежок. Тоа е главниот проблем во овој момент. Ние ќе продолжиме да настојуваме тој проблем да го решиме. Колку повеќе ќе има доверба и почит кон другиот и прашањата што се важни за другиот толку полесно ќе оди дијалогот за сите прашања што се важни за двете страни, изјави Димитров на новинарско прашање по потпишување на Меморандумот за трилатералниот проект за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија.  

Тој на дополнително прашање посочи дека „големиот проблем за напредок и во разговорите околу историјата и во разговорите за другите теми каде имаме разлики е атмосферата на уцена“.

-И македонскиот народ и бугарскиот народ и многу други балкански народи имаат една изрека која што вели „со сила нема убавина“. За вистинска блискост и за вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Мора да има меѓусебна почит, мора да има поголемо разбирање на чувствителноста на другиот. Не може да се создаде блискост и пријателство без таква елементарна почит и никако не може да се создаде блискост и пријателства кога се уценува, потенцира Димитров.  

Тој повтори дека одговорноста на политиката е да создаде атмосфера, одговорноста на експертите, академската заедница е да ги адресираат историските прашања. -Во моментов таа атмосфера е нарушена поради двете вета – прекршувањето на членот 2 од Договорот кој вели дека Бугарија ќе не поддржува и ќе ни помага одејќи напред кон заедничката европска иднина и што побргу се вратиме во една позитивна атмосфера да обезбедиме разликите да ги разговараме, толку поголем прогрес ќе направиме.  

Запрашана во врска со изјавата на новиот американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи Габриел Ескобар дека постојат и други начини да се реши ова прашање, без да се блокира европската интеграција на Северна Македонија амабасадорката Кејт Мари Брнз рече дека тој ја повторил американската политика за долгорочна вредност, односно поддршка за евроинтеграцијата на земјава. 

-Ние ја гледаме македонската иднина во ЕУ и ја потврдуваме важноста на разрешување на прашањата и се надеваме дека ќе продолжи до крајот на годината. Продолжуваме да разговараме со сите партнери, имаме разговор со Владата овде во Скопје, разговори со соседните земји и низ цела Европа да се погрижиме да направиме се што можеме за да го поддржиме движењето на процесот напред. Немам конкретна најава во овој момент, освен да потврдам дека САД ќе се вклучат во ова прашање и во разговорите затоа што сите ја делиме истата визија Северна Македонија да го заземе заслуженото место во Европа и во ЕУ и се надеваме дека тоа ќе биде бргу, рече Брнз.  

Таа повтори дека не сака да шпекулира за некој план за којшто немам чуено.

-Многу е јасно дека улогата на САД е дека ние имаме интерес и ја сметаме Северна Македонија како стратешки партнер како и ЕУ, меѓутоа, ова не е ситуација САД директно да ја решава. Така што, стоите надвор од лоши информации, рече американската амбасадорка Брнз.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека очекува Бугарија да продолжи да биде наш пријател и поддржувач во процесот на евроинтеграција согласно членот 2 од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка и оти земјава нема да испорача никакви конкретни чекори додека не ја добие поддршката. /MИА/. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk