Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во гостувањето во емисијата на новинарот Васко Ефтов, изгледаше песимистично за основање на нова влада предводена од Христијан Мицкоски.
– Вие не верувате дека ќе се направи таква влада? Пак ќе ви кажам, за мене сатисфакција е ова што граѓаните на Карпош ми даваат поддршка, беше скромниот одговор кој што Трајановски му го даде на Ефтов.
Иако ГРОМ е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво, главната опозициска партија на овие избори ќе оди со свој кандидат за градоначалник во Карпош, а тоа е лекарот Оливер Зафировски, кој му е противкандидат на Јакимовски.
Д. Е.