Видео рубриката „Кратки нозе“ која почна да се емитува на Цивил медиа, разоткрива неколку лажни вести, кои деновиве беа пласирани на социјалните мрежи и портали. Една од поголемите заблуди кои се обидува да ги создаде лажниот патриот и левичар Димитар Апасиев е дека неговиот повик за бојкот на пописот е успешен, а во прилог на тоа тој наведува дека 200 илјади граѓани уште сега одбиле да се попишат, но дека не се казнети „само затоа за да не се остави траг“.
Петрит Сарачини од „Кратки нозе“ ги посочува небулозите кои Aпасиев ги шири на социјалните мрежи, поентирајќи дека бројките на оние кои одбиле да се попишат се истресени од ракав без никаков доказ или релевантен показател.
Како аргумент повеќе, рубриката на Цивил медиа потсетува дека во пописот учествуваат и попишувачи од неговата партија кои успешно и одговорно си ја вршат својата работа. Една од нив е сопругата на кандидатот за градоначалник под реден број 32, како и брат за советник во Велес, но и други лица, членови на „Левица“. Оттаму, заклучуваат од „Кратки нозе“ излегува нејасно кој ги попиша овие 200 илјади наводно непопишани граѓани како и дилемата дали „Левица“ ги бојкотира и попишувачите на „левица“.
Од друга страна, директорот на ДЗС Апостол Трпевски уверува дека и оној мал број на оние кои се двоумат дали да се попишат или не по краток разговор со нив прифаќаат да бидат попишани. Инаку, за потсетување, заклучно со 20 часот вчера, попишани се вкупно 1.460.552 лица, а голем број од непопишаните со нетрпение ги очекуваат попишувачите за да си ја извршат оваа граѓанска должност.
Д. Е.