ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

September 25, 2021 19:32
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит, пишува „Вистиномер“ во анализа на една дезинформација објавена на Фејсбук.

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека ензим од змијата ѕвечарка, која инаку е змија отровница, бил пронајден во вакцините против ковид (без да се наведе на која вакцина од кој производител се мисли). Но, без оглед на тоа на која и вакцина да се мисли, ова тврдење е лажно, односно ниту во вакцините против ковид има ензими од змии отровници, ниту пак, некакво научно истражување го покажало тоа.

Во склоп на  постот, споделен е и текст од „News-medical.net“, кој пак, не соодветствува на она што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Текстот на „News-medical.net“, дискутира за нешто сосема друго.

Во овој напис се информира за спроведена научна студија, во која се покажало дека колку опасна ќе биде болеста ковид-19, ќе зависи од еден ензим, кој, пак, се вклучува во инфламаторниот одговор. Меѓутоа, во вакцините ниту го има овој ензим ниту, пак, студијата спомнува дека го има!

Научниците од „Стони Брук Универзитетот“ во Аризона, дошле до сознание дека ензимот наречен фосфолипаза А2 група IIA, (познат и како sPLA2-IIA), може да биде најважниот фактор што предвидува кои пациенти со тешка форма на ковид му подлегнуваат на вирусот.

Ензимот  sPLA2-IIA е сличен на тој што се содржи во невротоксинот на змијата ѕвечарка и може да ги уништи мембраните на клетките. Во здрави индивидуи, овој ензим се содржи во ниски концентрации, затоа што е клучна одбрана против бактериска инфекција. Но, во високи концентрации активираниот ензим може да ги уништи мембраните на виталните органи, вели Флојт Чилтон, автор на студијата.

Со други зборови, тој ензим се обидува да го убие вирусот, ама во одреден момент е ослободен во толку високи концентраци, што работите почнуваат да одат во многу лош правец, уништувајќи ги мембраните на клетките на пациентот, а со тоа и се допринесува за мултисистемско откажување на органите и смрт, истакнува тој.

Здравите луѓе имаат нивоа на ензимот sPLA2-IIA од половина нанограм на еден милилитар крв, ама наодите од студијата покажуваат дека инфекцијата ковид-19 била смртоносна (летална), за 63 проценти од пациентите кои имале тешка форма на ковид-19 и нивоа на sPLA2-IIA еднакво или повисоко од 10 нанограми на милилитар крв.

Многу пациенти што починаа од ковид-19, имале едни од највисоките нивоа на овој ензим, кога било рапортирано, тврди Чилтон.

Студијата е спроведена на начин што се земени примероци од плазма и медицински табели од 127 пациенти хоспитализирани на „Стони Брук Универзитетот“  од јануари до јули 2020 година. Во тој период – јануари-јули 2020 година, вакцината против ковид не беше развиена, ниту администрирана никаде во светот. Така што, невозможно е резултатите од оваа студија да се доведуваат во корелација со вакцината!

Поради тоа што студијата не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација, како и поради тоа што пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Во постот фактички е направен фалсификат на зборовите изнесени во студијта и тоа изгледа вака:

Ензимот sPLA2-IIA е сличен на оној содржан во невротоксинот на змијата ѕвечарка, бидејќи може да ги уништи клеточните мембрани и обично се наоѓа во мали концентрации кај здрави лица, бидејќи е клучен во одбрана од бактериска инфекција. Сепак, во повисока концентрација може да ги уништи виталните органи на пациентите кои ја примиле вакцината…“

Иако никаде во студијата не се тврди дека ,,повиска концентрација на ензимот sPLA2-IIA, може да ги уништи виталните органи на пациентите кои ја примиле вакцината”. Тоа е чиста измислица, затоа што во моментот на спроведувањето на студијата вакцините не беа достапни и сите испитаници не биле вакцинирани, , пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk