Ако госпоѓата Арсовска, која претендира да води град, и тоа не било кој град, туку град Скопје, престолнина на државата, притоа не знае да се објасни себе која е и што е, што работи и што сонува, како ќе го објасни Скопје и духот на луѓето кои живеат во тој град?
Па, не е Скопје само град на паркови, клупи, улици и булевари; Скопје се и’ луѓето кои живеат, Скопје е мултикултурен и мултиконфесионален град. Тоа е многу сложен дух за човек што има така тесногради разбирања за еден голем и важен град. А како ќе бидеш широк, вклучувачки и инклузивен за сите, ако не знаеш себе да се објасниш?
Овие мисли ми се врткаат во главата кога ја слушнав вчера на прес кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
А жена/маж кој(а) не знае себе да се објасни, која нема блага врска што е тоа град, освен некој матен привид за така комплицирани механизми на луѓе, конфесии и култури, па дури потоа “градски работи”, таквиот/таквата го погрешил(а) не само градот, туку и векот и светот.
Многу е глупаво госпоѓата да се саморекламира себе на сметка на Скопје. Скопје не е франшиза, туку сериозен и комплициран град.
Скопје не е врхушка на партијата; на крајот на краиштата, за мене Скопје пред 2017 година беше застрашувачки град. Град кој во центарот на градот се случуваше нешто кое може да го наречеме метастаза на идентитетот, крварење на градското и урбано ткиво.
Застрашувачките споменици, лавовите, фонтаните со чудовишни родилки, хотелот Мериот, голем колку најголемите колонијални дворци во Шпанија, а таа патологија, неорококо, таа порта на која пишува “Македонија”, архитектура како од сказна, која сугерира на тежок мамурлак, се тоа е никнато од идентитетот, и се е тоа, всушност, наше заедничко, а не е само македонско. Тие метастази се’ уште се видливи како груевци го замислуваа градот.
Спомениците не се кич. Или поточно не се само кич. Тие се метафора за нашите минати војни. И треба да бидат изложени во сите главни метрополи на Балканот. За казна, и за тоа како не треба да се љуби и води еден град.
Скопје е град. Скопје мора да остане град. Шилегов сето ова погоре го знае, и тоа ми е сосема доволно за да знам дека за Скопје добро ќе се грижи во сета негова комплицираност и противречност.
Госпоѓата Арсовска ова погоре не може да го знае, оти ако го знаеше, ќе знаеше и себе да се објасни и својата професија во таа голема престолнина – за наши услови – со име Скопје.
Оти како велеше големиот урбанист и градски неимар Богдан Богдановиќ: “ја сам мали град, а град је велико ЈА; ако то нисмо, и ако то није онда што смо?”
Фејсбук објава од Ненад Јовановиќ