Од утре трета доза за граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести… Денеска нови 336 случаи на Ковид-19… Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска кон Пописот… Францускиот „Ла Кроа“ со репортажа за пописот… Папата Франциск повика да се прифатат мигрантите… 100 гола на Салах во Премиер лига во дресот на Ливерпул…
ПОПИС, ПАНДЕМИЈА
Граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда од утре ќе можат да примат трета доза вакцина против ковид -19, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Во последните 24 часа од направени 3.425 тестирања регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19, починале 17 лица, од кои половината се од Скопје и Куманово и оздравеле 222 пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.
Премиерот Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување.
Францускиот дневен лист „Ла Кроа“ со репортажа се осврнува на пописот на населението во Северна Македонија, кој се организира по две децении „нарекувајќи го ултра чувствителен попис,
ЛАЖНИ ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Не е вистина дека болниците нудат пари на семејствата за покривање на погребните услуги доколку потпишат дека блискиот починал од ковид. Семејствата немаат право да одлучат од што починал нивниот близок, тоа е работа на лекарите, пишува „Вистиномер“ во анализа.
Здружението „Борка- за секој нов ден“ денеска организираше настан „Race for the Cure“– Напред розово, во рамки на 13-тата кампања за борба против рак на дојка. На настанот присуствуваше и министерот за здравсво Венко Филипче, кој истакна дека почнувајќи од 2019, заедно е направено многу.
СВЕТ, КУЛТУРА
За време на неделната проповед, папата Франциск повика да се прифатат мигрантите и да не им се ускратува надежта, истакнувајќи дека „секое затворање води кон диктатура и насилство“.
На сликата е претставен Сократ, осуден на смрт, но бодар, цврст и помирен со судбината, како разговара за бесмртноста на душата. Опкружен од Критон, неговите натажени пријатели и ученици, тој поучува и философира, заблагодарувајќи му се на Асклепиј, богот на здравјето, за пијалакот од бучумиш (кукута), кој ќе му обезбеди мирна смрт.
Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе биде промовирана сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Румена Бужаровска и Јана Јакимовска, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“.
СПОРТ
Сите 100 голови што ги постигна Мохамед Салах во Премиер лигата во дресот на Ливерпул:
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон попладнево ја забележа јубилејната 100-та победа во шампионатот во Формула 1. Британецот беше најбрз во Сочи на трката за Големата награда на Русија.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објави дека клубот следната година ќе го купи напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, соопшти „Directo Gol“.
Ј. Ѓ.