На сликата е претставен Сократ, осуден на смрт, но бодар, цврст и помирен со судбината, како разговара за бесмртноста на душата. Опкружен од Критон, неговите натажени пријатели и ученици, тој поучува и философира, заблагодарувајќи му се на Асклепиј, богот на здравјето, за пијалакот од бучумиш (кукута), кој ќе му обезбеди мирна смрт.
Сопругата на Сократ може да се види како сама тагува надвор од просторијата, тргната заради нејзината слабост. Платон е прикажан како старец седнат на крајот од креветот. Критичарите ја споредувале оваа слика со таваницата во Систинската капела на Микеланџело или со Рафаеловите Соби, некои велеле дека е „во секоја смисла совршена“, a на Дени Дидeро му изгледала како да е копирана од некој антички барелјеф.
Сократовата молитва до Пан
„О мил Пане и вие други богови што сте овде, дајте ми да станам убав одвнатре! Надворешноста, пак, што ја имам, нека ми биде во пријателство со она што ми е внатре! Дајте да го сметам мудрецот за богат! Дајте ми купче злато колку што не ќе може да носи, ниту да вози друг, освен разумниот и умерениот!”
(Платон, „Фајдрос”, превод од старогрчки јазик Елена Колева)
извор: АРГО