ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Што ќе пишува на споменикот на Заев?, стартува кампањата за Локалкни избори 2021, пописот привршува

September 27, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прочитајте што ќе пишува на споменикот на Зоран Заев во најновата колумна на вашиот омилен колумнист Сашо Орданоски….Кампањата за Локалните избори 2021 офизијално започна денеска…Привршува пописот, над милион и шесттотини пошишани лица. Апел за кампања без омраза кон ЛГБТ+ заедницата и другите маргинализирани заедници…

ФРОНТ 

Што ќе пишува на споменикот на Заев? Тоа е контекстот во кој Заев, повторно, се труди да ни ја протолкува својата денешна политика кон Бугарија. Нема начин како тоа да не прозвучи контроверзно – особено пред уште едни избори во државава! – бидејќи тој е единствениот активен политичар на македонската политичка сцена кој се обидува (и успева) македонското општество да го мрдне од „мртвата точка“….читајте во најновата колумна на Сашо Орданоски.

ИЗБОРИ, ПОПИС, ПОЛИТИКА

Фон дер Лајен утре во посета на Северна Македонијa. Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија. Како што јави допсиничката на МИА од Брисел, Мамер не даде повеќе детали, и посочи дека прашањата ќе бидат одговорени на прес-конференциите што ќе ги има претседателката на ЕК.

Урсула фон дер Лајен

Вархеји в среда доаѓа во Скопје. Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

Почнува кампањата за Локалните избори 2021 и ќе трае 20 дена односно до 15 октомври на полноќ. Политичките партии и независните кандидати веќе ги најавија своите активности во кампањата иако најголем дел од кандидатите за градоначалници и советници во изминатите месеци веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи.

МИА

Апел за кампања без омраза кон ЛГБТ+ заедницата и другите маргинализирани заедници. Ги потсетуваме дека илјадници ЛГБТ+ лица, нивните родители, пријатели и поддржувачи се исто така дел од гласачкото тело. Сите од нив очекуваме да презентираат инклузивни идеи, решенија и проекти што ќе бидат од корист за сите граѓани без оглед на нивните лични карактеристики, наместо да користат националистички, расистички, ксенофобични, мизогини или хомофобични реторики.

Уште три дена попис, досега попишани околу 1,55 милиони лица. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората.

ДЗС: Попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

ПАНДЕМИЈА, ИНФО ПИТ

Почнува вакцинацијата со трета доза за лица над 60 години, здравствените работници и имунокомпромитирани. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата, изјави вчера Филипче. Во однос на скринингот на училиштата, министерот посочи дека прво ќе се почне со обезбедување согласност од родителите, а потоа ќе биде презентирана и методологијата.

Вакцинација

Mистеријата разрешена: Никој не нуди пари за семејството да потпише дека блискиот починал од ковид-19.

Натпросечно топло, од вторник заладување. Минималните температури во вторник ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните до 25 степени. Во текот на следните денови температурата ќе опаѓа и ќе достигне до 21 степен.

СВЕТ

Берлин доби прва градоначалничка. Германските социјалдемократи (СПД) победија на регионалните избори за управување со државната влада во Берлин, според првичните резултати објавени утрово, што значи дека нивната кандидатка Франциска Гифи ќе стане првата градоначалничка на германскиот главен град.

Пратеничкото место на Меркел го освои кандидат на социјалдемократите. Директното парламентарно место на Меркел во нејзината изборна единица во Мекленбург-Западна Померанија го освои Ана Касауцки од ривалската Германска социјалдемократска партија (СДП).

Директорот на Фајзер, Бурла: Најверојатно ќе треба годишна вакцинација против Ковид-19. Мислам дека ќе можеме да се врати на нормалното. Но, тоа не значи дека нема да има нови соеви (на вирусот). И не мислам дека тоа значи оти ќе можеме да живееме нормален живот без редовна вакцинација, рече Алберт Бурла.

Еден загинат и деветмина повредени во земјотресот на Крит. Според грчките медиуми безживотното тело го извлекле припадниците на специјалните сили за справување со катастрофи на противпожарната служба, од урнатините на мала црква во која се вршеле градежни работи во селото Аркалохори.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk