ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што ќе пишува на споменикот на Заев?

September 27, 2021 09:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Дека царскиот режим во Бугарија ѝ се придружи на фашистичката оска за време на Втората светска војна е неспорен историски факт. Дека нема народ кој може, а уште помалку треба да биде доживуван и именуван како „фашистички“, „комунистички“, „социјалистички“ или „демократски“, е уште помалку спорен историски, а и здраворазумски факт. Инаку, Германија не би можела денеска да биде една од најдемократските држави во светот, а го „породи“ најтоталитарниот режим во историјата на модерната цивилизација, токму пред и за време на таа Втора светска војна.

Од друга страна, формулацијата „бугарски фашистички окупатор“ е синтагма која е прецизна во своето значење: таа не имплицира дека бугарскиот народ е „фашистички“, туку дека бугарската држава, приклонета кон фашизмот, ја окупирала територијата на Македонија за време на Втората светска војна.

Во што е, тогаш, проблемот?

Историчарот Петар Тодоров, кој гостуваше во петочното издание на „Утрински брифинг“ најсистематизирано и прилично лапидарно ја сумира целата обновена дебата за нашите односи со Бугарија. Прво, вели Тодоров, има многу поважни теми за кои треба да разговараме. Второ, во нашата држава ние многу лесно (и во минатото и денес) се расфрламе со поимот „фашизам“ и таму каде што не му е местото (што би се рекло, и за „домашна“ идеолошка потреба, а и за „меѓународна“ употреба). Трето, во Бугарија постојат сериозни дебати (не дневно-политички и не политикантски) дали Бугарија била или не била „фашистичка држава“ за време на Втората светска војна, со оглед на тоа што, во тоа време, од 1934-1944 година владее беспартиски, авторитарен царски режим, а на тамошната политичка сцена имало десетина политички формации кои се поистоветувале со германското или италијанското фашистичко движење, од кои некои биле и дел од царската власт. И, конечно, според Тодоров, за Бугарите денес не е толку голем проблем дали, во синтагмата „бугарски фашистички окупатор“, ќе бидат именувани како „фашистички“ – туку многу повеќе дали се претставени како „окупатор“.

Историјата, како што е познато, ја пишуваат победниците. Тие ја дефинираат „објективноста“ на интерпретациите за историските ликови и настани. Во Втората светска војна, тогашната бугарска држава и нејзиниот режим предоцна се приклучи кон антифашистичкото движење во Европа, за да можат да го уживаат статусот на „победници“ во најзначајниот современ светски конфликт. Потоа ги „проголта“ комунистичката советска империја со нејзината официјална историографија.

Да се случеше во Втората светска војна да победи фашистичката оска, веројатно и низ Македонија и низ Европа ќе имаше споменици кои ќе говореа за „злоделата“ на партизанските, комунистички идеолошки и борбени формации, интерпретирани од перата на победниците. Ама, како резултат на голема пожртвуваност и храброст на тогашните антифашисти, историјата доби поинаков тек. Којшто Бугарите и денес се обидуваат самите на себе да си го протолкуваат. Вклучително и проблемот на окупацијата на соседните територии на тогашното бугарско царство.

Денес, речиси 80 години по таа светска трагедија, новите генерации имаат обврска да ги паметат делата на своите предци, но и право историјата да ја толкуваат со поглед свртен кон иднината, бидејќи таа, а не минатото, треба да им го дефинира подобриот живот.

Тоа е контекстот во кој Заев, повторно, се труди да ни ја протолкува својата денешна политика кон Бугарија. Нема начин како тоа да не прозвучи контроверзно – особено пред уште едни избори во државава! – бидејќи тој е единствениот активен политичар на македонската политичка сцена кој се обидува (и успева) македонското општество да го мрдне од „мртвата точка“ на едно своевидно национал-романтичарско самозадоволство во толкувањето на својот национален опстанок исклучиво како резултат на постојана (а и прилично селективна) мобилизираност против „загрозата“ од соседите. И не е случајно што токму тој е континуирано најпопуларниот политичар во државава, макар и во контекстот на генерално ниските рејтинзи на овдешните политички лидери.

Штета е што денешната демократска Бугарија пропушта монументална историска прилика конструктивно да ги вреднува напорите на сегашната македонска власт, предводена од Заев. Како што се гледа, нема во Софија политичари кои се подготвени, за доброто на македонскиот и бугарскиот народ, а и граѓаните воопшто, да ги предизвикаат закоравените меѓусоседски односи со поглед свртен кон иднината.

Токму Заев е доказот дека таа европска иднина е на дофат на денешните балкански генерации. И мислам дека во тоа и ќе успее, со наша поддршка. На крајот, по сѐ изгледа дека на неговиот споменик ќе пишува: „Човекот кој Македонија своерачно ја внесе во Европа“!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Фото: МИА

ДЗС: Попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk