ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајковски: Најдоброто за Делчево значи инвестиции во инфраструктура

September 28, 2021 19:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како одговорна и лојална на граѓаните локална власт, посветени сме на локалниот економски развој на нашата општина кој треба да донесе подобар квалитет на животот на нашите граѓани.

Ова на прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Делчево од СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина, Горан Трајковски кој потенцираше дека визијата за развојот на Делчево во наредните четири години е Општина Делчево да прерасне во атрактивно место за живеење, да е иницијатор и промотор на севкупниот економски раст и да нуди добра бизнис-клима со одлични услови за одржлив социоекономски, туристички и културен развој.

– Најдоброто за Делчево значи инвестиции во инфраструктура и рурален развој и ЛЕР, инвестиции во чиста вода за пиење и чиста, здрава животна средина, инвестиции во енергетска ефикасност, инвестиции во образование, транспарентност и отчетност и отворена, услужна и родово одговорна општина, а во програмата се понудени околу 150 проекти и сите се во насока на подобрување на квалитетот на животот и одговор на барањата на граѓаните на Делчево, и од градот и од руралните средини, додека 10 проекти издвојуваме како најважни за Делчево, рече Трајковски.

Најави дека негов приоритет доколку ја добие довербата на граѓаните во периодот 2021-2025 ќе биде изградба на нова детска градинка во населба Расадник, изградба на пречистителна станица за отпадни води како и инвестиции во чиста вода за пиење.

– Исто така тука ќе ја набројам и реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во дел од населбите М.Брдо и Н.Делчево, смена на потисен цевковод во Трети Реон, Старо Делчево до резервоарот, смена на водоводната мрежа во населба Втори Реон, Старо Делчево, пуштање во употреба на нова современа пречистителна станица за вода и нов водоводен систем во Ѕвегор и Габрово, проект за паметно осветлување на градот, реконструкција на градскиот парк, изработка на проект за водоснабдување на Голак, додаде Трајковски.

Меѓу останатите проекти кои напомена дека ќе бидат негов приоритет, Трајковски ја напомена доизградбата на кејот на река Брегалница во централното градско подрачје, реконструкцијата на локалните патишта до село Габрово и село Стамер, изградба на инфраструктура во цела Општина како и инвестиции во централното градско подрачје во инфраструктура и изградба на скејт-парк и две фонтани во централното градско подрачје.

– За нас зборот е збор, граѓанинот е на прво место и Коалицијата „Најдоброто за Делчево“ е висинскиот адут кој носи просперитет и развој за нашето Делчево, рече на крајот од прес-конференцијата кандидатот за градоначалник Горан Трајковски.

извор: МИА
Next Post

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk