ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Волково ја добива првата детска градинка. Енергетски ефикасен објект изграден според највисоките европски стандарди за целосна инклузија на децата со попреченост

September 30, 2021 13:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Волково добиваат градинка во својата населба, која ќе овозможи згрижување на 175 деца до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, го направија денешниот увид во доуредувањето и опремувањето на објектот. Таа посочи дека со изградбата на градинката на младите брачни парови од Волково ќе им се подобри квалитетот на живеењето што е исклучително важно и при вклучувањето на пазарот на труд.

Градинката ќе има голем кружен атриум со зеленило, а за безгрижна игра на децата во завршна фаза е и уредувањето на надворешното игралиште. Покривната непропусна конструкција е изведена така што во иднина отвора можност за зелен кров, како надоградување на енергетската ефикасност на објектот. Градинката е објект изграден според највисоките европски стандарди, освен што е енергетски ефикасен, објектот располага и со лифт кој ќе овозможи целосна инклузија на децата со попреченост.

„Продолжуваме да го прошируваме капацитетот на детските градинки имајќи ја предвид важноста на предучилишното образование во понатамошниот  развој на децата.  Дополнително работиме и на усовршување и подобрување на професионалните перформанси на вработените во градинките. Затоа што за нас секое дете е важно. До сега министерството за труд и социјална политика со поддршка на Владата успеа да отвори 15 детски градинки, а до крајот на годината остануваат да се отворат уште десет градинки кои што се во финална фаза.  Ова говори за нашата посветеност и за грижата за најмладите во нашата држава. Дополнително во овој момент сакам да информирам за тоа дека свесноста на вработените во градинките имајќи го предвид фактот што 76% од вработените веќе се вакцинирани, говори колку грижата за децата е наш врвен приоритет“, рече Шахпаска.

„Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Владата успеаваме да ја изградиме првата градинка во Волково. Со овој објект, децата ќе добијат модерен простор за игра и учење по највисоките светски стандарди. Оваа населба постојано расте и се проширува, па со новата градинка етапно решаваме еден од најгорливите проблеми недостигот на просторни услoви за згрижување на децата. Посветено работиме за изградба на уште две нови градинки во Ново Село и Дексион“, рече Наумовски.

Министерката Шахпаска при увидот посочи дека оваа градинка е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, којшто го спроведува  МТСП со поддршка на Светска банка.

Само преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, 16 општини во земјава добиваат нови градинки или преку градежни зафати го зголемуваат капацитетот за прием на деца. Три од нив се веќе пуштени во употреба, а 9 се во изградба. Со овие 16 градинки го зголемуваме опфатот за приближно 2.000 нови места во градинките. И, не застануваме тука. Ние како Влада зацртавме, и тоа веќе го исполнуваме, дека до крајот на тековниот мандат ќе обезбедиме вкупно 7.500 нови места за децата во предучилишното згрижување и ќе достигнеме 60% опфат во градинките и во центрите за ран детски развој во општините ширум земјата.

За изградба на градинката во Волково се потрошени 87 милиони денари, и дополнителни 6,3 милиони денари за внатрешно опремување во градинките.

Next Post

Мон Блан за четири години понизок за еден метар

НАЈНОВО

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025

ЕУ дели 40.000 бесплатни билети за патување низ Европа за 18-годишници

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk