ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Левица се посрамоти со повиците за бојкот на пописот – пишува Орданоски, невакцинирани 79 % од хоспитализираните поради Ковид 19

October 1, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Го преживеавме пописот. Левица, официјалниот политички губитник кој повикуваше на бојкот, се посрамоти, пишува Сашо Орданоски во најновата колумна. САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги започнат преговорите со ЕУ годинава…Стари режимски кадри и нова иднина, не одат заедно, порача Заев…Резултати од пописот за шест месеци….невакцинирани 79 % од Ковид 19 хоспитализираните..

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Пописот заврши – преживеавме!..Но, официјално, главниот „политички“ губитник кај нас од успешно завршениот попис е десничарската „Левица“. Таа остана единствената, до крај, со повици и активности за бојкот на попишувачите. И се обрука….прочитајте ја најновата колумна на Сашо Орданоски.

Инјектирање фејк.

Matías Tejeda

ПОЛИТИКА И ПАНДЕМИЈА

Ескобар: САД се надеваат дека Скопје и Тирана ќе ги започнат преговорите со ЕУ оваа година. Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар, се надева дека сите европски држави ќе ја разберат стратешката важност од тоа да им дозволат на овие две држави да ги започнат преговорите за членство.

Продолжени за уште една седмица актуелните мерки за влез во Грција. Задолжителен документ за Ковид-19 и PLF формулар, кои меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, продолжени , јави дописничката на МИА од Атина.

Пописот успешен, резултатите за шест месеци. Вкупно 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови се евидентирани со Пописот што официјално заврши вчера, а траеше 26 дена, почнувајќи од 5 септември. Во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани, најмногу од западноевропските, а многу помалку од прекуокеанските земји.

Со новите 59 градинки, капацитетите се зголемија за 130%, најавени нови 10 објекти до крајот на годинава.

Дури 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани, соопшти Министерството за здравство.Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.09.2021  на територија на државата починале 1162 лица со Ковид 19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15% примиле вакцина.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 

(ВИДЕО) Заев од Гевгелија: Стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно, Мицкоски сонува и зборува само за минатото. Додека не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ не може да ја добие довербата од граѓаните на кои било избори“ посочи премиерот Зоран Заев додавајќи дека во меѓувреме, СДСМ го продолжува развојот на домашен план со проекти на домашен план, во општините и натамошно интегрирање на државата на меѓународен план.

Петре Шилегов

Шилегов: Со изградбата на бул. Борис Трајковски, Драчево конечно добива брза врска со градот. Град Скопје продолжува да ја развива градската улична мрежа во исто време со мрежите на велосипедски и пешачки патеки, на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај, се вели во соопштението на Град Скопје.

Наумоски: Градиме две нови градинки во Дексион и Ново Село. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски додаде дека во сегашниот мандат преку изградбата на градинката во Волково и проширувањето на градинката во Мирче Ацев, капацитетот на градинките е зголемен за околу 300 места.

Темелковски: Граѓaните ме познаваат како градоначaлник кој соработува со жителите. Покажав дека можам да соработувам со граѓаните за заедно да ги решаваме проблемите, вели Филип Темелковски, кандидат и актуелен градоначалник од СДСМ во Општина Кисела Вода во „Студио 10“.

Николовски од Крива Паланка најави нова германска инвестиција во Североисточниот регион. Николовски посочи дека во изминатите четири години Крива Паланка се крена од мракот во којшто беше оставена, се реализираа капитални инвестиции во секоја област, а и во следниот период приоритет на Владата за Крива Паланка ќе бидат инвестициите.

ЛАЖНИ ВЕСТИ И ПРОПАГАНДА

ПЦР тест не покажува дека „лош грип“ е ковид!… Наративот во постот што го рецензираме е фиктивна приказна, измислица со која се поистоветуваат ковид и грип, како да се работи за една и иста болест, иако повеќе пати е објаснувано дека ковид има повисока смртност од грипот и за него не постои еден специфичен лек, пишува Вистиномер.мк.

СВЕТ

Пожар во болница во романскиот град Констанца, има загинати.

Пожар во болница во романскиот град Констанца фото: МИА

Јапонија целосно ја укина вонредната состојба поради вирусот. Премиерот во заминување Јошихиде Суга им се заблагодари на луѓето за трпението и соработката и ги повика да се придржуваат до основните антивирусни мерки.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk