ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Заев не го поддржува предлог – законот за скратено работно време, резултати од пописот, исход од пукањето на митингот на ДУИ

October 1, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заедно со дијаспората веројатно некаде околу два милиони и четириесет илјади се попишани изјави Заев, околу предлог-законот за скратено работно време истакна дека е против, ако сакаме да имаме швајцарски плати, треба да работиме. Мицкоски ги измеша парламентарните и локалните избори. МВР ќе постапи околу случајот со пукањето на митингот од ДУИ, Заев смета дека пукањето само ќе ги одврати гласачите. Нова колумна од Џабир Дерала.

ПОЛИТИКА, ПОПИС, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ

Целата дијаспора не ни е попишана. Некаде околу 200 илјади граѓани од дијаспората се попишани, а сите знаеме дека дијаспората е голема. Тоа што останува на самоопределба за попишување на дијаспората и тука го гледаме делот на разликата на попишаните со вкупниот број на гласачи, изјави премиерот Зоран Заев.

Предлог решението кое предвидува скратено работно време на јавната администрација во петок, е ставено на ЕНЕР. Допрва ќе се отвора дискусија по ова прашање, граѓаните треба да го кажат своето мислење, а Владата внимателно слуша, рече денеска премиерот Зоран Заев. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинзите на неговата партија во пресрет на локалните избори повторно зборува за некакви нови парламентарни мнозинства, кои ги ветува веќе неколку годинини наназад. Заборавајќи дека станува збор за локални избори на кои се бираат градоначалници и советници за општините во земјава, Мицкоски со украдени пораки се однесува како да води кампања на парламентарни избори.

МВР веќе постапува, ги има снимките и истражува точно да се најдат сторителите, кажа денеска премиерот Зоран Заев во врска со за пукањето на митингот на ДУИ. Не мислам дека тоа носи добро на некој, тоа одвраќа гласачи тоа одвраќа поддршки, одвраќа позитивен амбиент и второ е кривично дело, веројатно и злоупотреба на законот за оружје.

МОН информира дека студентите кои аплицираа на првиот рок од повикот за субвенциониран студентски оброк, денеска на своите трансакциски сметки ги добија првите средства во износ од 1.440 денари. На 17. 836 студенти исплатени им се вкупно 25,7 милиони денари. Исплатата е за периодот од 15 септември, кога стапи во сила законот со кој е регулирано ова право, до 1 октомври 2021.

Вршиме увид во интензивните градежни активности за проширување на бул. Борис Трајковски на потегот од Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. Со тоа Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција во Драчево.

ЛАЖНИ ВЕСТИ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Економијата и куповната моќ на граѓаните се вечно актуелна тема за сите општства, секако оваа тема е податлива и за манипулации за што се користат и вистински бројки но со погрешни и несоодветни споредби, се вели во новата анализа во емисијата „Кратки нозе“ на Цивил медиа, каде се разоткриваат дезинформациите со факти и аргументи.

Навредлива кампања против актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат на СДСМ за уште еден мандат Петре Шилегов, која предизвикува коментари со говор на омраза. Твитер профилот Миринда објави фотошопирана фотографија од Шилегов во која пишува „Пијаницата за Скопје“, со коментар „За кого не треба да гласате на избори“.

ФРОНТ

Кога се случуваат сериозни процеси и настани, тоа што на малкумина им текнува е дека и општеството има граници на издржливост. Притисокот и ударите од неуморните пропагандни машинерии, беспоштедната и бескрупулозната борба за моќ, за пари, за влијание до последниот квадратен сантиметар во сите области – го трошат општеството. Во еден миг, општеството ќе застане, ќе замре… пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

ПАНДЕМИЈА

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.162 дози вакцини, од кои 994 се аплицирани како прва доза, 3.114 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 30 септември, вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794, а трета доза примиле 235 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025
Скриншот

Штрајк на работниците на „Форд“ во Келн поради планираните отпуштања

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk