Најголемиот проблем пред Македонците не е бројот, не е тоа колку нè има, макар што и тоа е многу важно, туку тоа што сè до појавата на Заев, не успеавме да сфатиме дека по борбата за ослободувањето и независноста, нè чека борба со Македонија….пишува Бранко Тричковски.. Според анкетата на Стратум: За листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, за ВМРО-ДПМНЕ 22.8 % од граѓаните..Заев најави раст на пензиите од 1. јануари…
ФРОНТ И РЕНДГЕН
Наместо да се соочи со реалноста во македонските општини, Мицкоски 30 години сонувал за Рим и за Париз…Но никако да се сети дека за спорни тендери, за оф шор компании и нелегални набавки на софтвери одговараа пред законот токму поранешни политичари од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемувањето на платите, ги блокираа сите шест пакет мерки за помош на граѓаните, а сега за него патриотизам се повисоки плати..
Влошки за менструалниот македонизам на УКИМ и МАНУ… Најголемиот проблем пред Македонците не е бројот, не е тоа колку нè има, макар што и тоа е многу важно, туку тоа што сè до појавата на Заев, не успеавме да сфатиме дека по борбата за ослободувањето и независноста, нè чека борба со Македонија….пишува новинарот Бранко Тричковски.
ПОЛИТИКА, АНКЕТИ, ИЗБОРИ
Анкета на Стратум: За листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, за ВМРО-ДПМНЕ 22.8 % од граѓаните. На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.
Анкета Стратум: СДСМ има подобра понуда од ВМРО-ДПМНЕ, најмалку се определиле за ДОМ. Според анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, на прашањето: Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда? За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.
Герасимовски: Центар ќе биде зелен, со организирано градење какво што му доликува. Како што рече Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, во Центар следи и ревидирање на ДУП-овите. Герасимовски најави дека општинскиот совет нема да донесе ДУП кој нема да биде усогласен со Градскиот урбанистички план.
(ВИДЕО) Шилегов до Арсовска: Големо благодарам што енергично ги наброја нашите најуспешни проекти. За еден од последните успешни проекти кои ги реализираше Град Скопје се огласи и СДСМ, од каде за еден од најуспешните инфраструктурни проекти го издвојуват мостот на булевар АСНОМ.
Изборен рапорт #6: Изборни притисоци, кршење на протоколите за заштита од КОВИД-19 и црна кампања. Препорака на ЦИВИЛ до законодавниот дом е да се предвиди кривична одговорност и остра санкција и за притисоци од овој вид во Кривичниот законик, односно да се предвидат прецизни дефиниции и остри санкции во новиот Изборен законик, за чие креирање и донесување се залага организацијата.
ИЗБОРИ И ЕКОНОМИЈА
Заев: СДСМ инвестира во сегашноста и идината на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ја растура државата и уништува нашата иднина. Ние се грижиме за рударите – тие ги игнорираа. Имав можност да се сретнам со пензионирани рудари, овде во Паркот на рударите и убаво е да се види како си ги шетаат внучињата. Беа со години онеправдени – ние им ја намаливме старосната граница за пензионирање од 58 години на 50 години, рече Заев.