ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Влошки за менструалниот македонизам на УКИМ и МАНУ, за листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, за ВМРО-ДПМНЕ 22.8 % од граѓаните

October 2, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемиот проблем пред Македонците не е бројот, не е тоа колку нè има, макар што и тоа е многу важно, туку тоа што сè до појавата на Заев, не успеавме да сфатиме дека по борбата за ослободувањето и независноста, нè чека борба со Македонија….пишува Бранко Тричковски.. Според анкетата на Стратум: За листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, за ВМРО-ДПМНЕ 22.8 % од граѓаните..Заев најави раст на пензиите од 1. јануари…

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Наместо да се соочи со реалноста во македонските општини, Мицкоски 30 години сонувал за Рим и за Париз…Но никако да се сети дека за спорни тендери, за оф шор компании и нелегални набавки на софтвери одговараа пред законот токму поранешни политичари од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемувањето на платите, ги блокираа сите шест пакет мерки за помош на граѓаните, а сега за него патриотизам се повисоки плати..

Влошки за менструалниот македонизам на УКИМ и МАНУ… Најголемиот проблем пред Македонците не е бројот, не е тоа колку нè има, макар што и тоа е многу важно, туку тоа што сè до појавата на Заев, не успеавме да сфатиме дека по борбата за ослободувањето и независноста, нè чека борба со Македонија….пишува новинарот Бранко Тричковски.

Администрација

Mahnaz Yazdani

ПОЛИТИКА, АНКЕТИ, ИЗБОРИ

Анкета на Стратум: За листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, за ВМРО-ДПМНЕ 22.8 % од граѓаните. На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.

Анкета Стратум: СДСМ има подобра понуда од ВМРО-ДПМНЕ, најмалку се определиле за ДОМ. Според анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, на прашањето: Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда? За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.

Герасимовски: Центар ќе биде зелен, со организирано градење какво што му доликува. Како што рече Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, во Центар следи и ревидирање на ДУП-овите. Герасимовски најави дека општинскиот совет нема да донесе ДУП кој нема да биде усогласен со Градскиот урбанистички план.

(ВИДЕО) Шилегов до Арсовска: Големо благодарам што енергично ги наброја нашите најуспешни проекти. За еден од последните успешни проекти кои ги реализираше Град Скопје се огласи и СДСМ, од каде за еден од најуспешните инфраструктурни проекти го издвојуват мостот на булевар АСНОМ.

СДСМ до Арсовска: Ние го заштитивме Водно од систематското уништување на ВМРО-ДПМНЕ… Постоеше и дополнителен план за уништување на Водно со „Јужна обиколница“ кој ние го спречивме, како и налудничав проект на Коце Трајановски за сечење на парк-шумата и изградба на ски-центар, познат како „Гармиш Партенкирхен на Водно“, стои во соопштението.

Силно село значи силен град, со сопствени средства и со средства од партнерите на ЕУ ќе ги развиваме руралните средини, вели Максим Димитриевски, независен кандидат за градоначалник на Куманово.

Изборен рапорт #6: Изборни притисоци, кршење на протоколите за заштита од КОВИД-19 и црна кампања. Препорака на ЦИВИЛ до законодавниот дом е да се предвиди кривична одговорност и остра санкција и за притисоци од овој вид во Кривичниот законик, односно да се предвидат прецизни дефиниции и остри санкции во новиот Изборен законик, за чие креирање и донесување се залага организацијата.

ИЗБОРИ И  ЕКОНОМИЈА

Заев: СДСМ инвестира во сегашноста и идината на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ја растура државата и уништува нашата иднина. Ние се грижиме за рударите – тие ги игнорираа. Имав можност да се сретнам со пензионирани рудари, овде во Паркот на рударите и убаво е да се види како си ги шетаат внучињата. Беа со години онеправдени – ние им ја намаливме старосната граница за пензионирање од 58 години на 50 години, рече Заев.

Од 1. јануари пензиите ќе растат, најави премиерот Заев. Сакам да објавам дека од  1 јануари пензиите ќе растат согласно растот на цените на мало и согласно растот на просечните плати, односно секој 1 јануари и секој 1 јули ќе имаме видлив пораст раст на пензиите, истакна Заев.
И. Т. З. 
Next Post

Нови 468 нови случаи на SARS CoV-2, пријавени се 11 починати лица

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk