ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов: Скопската чаршија е шаренилото на градот, воведуваме програми за поддршка на занаетчите

October 2, 2021 10:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе ја посети Старата скопска чаршија, каде ќе одржи неколку средби со занаетчиите кои работат во овој дел на градот.

Скопје е создаден и одржуван во живот со векови благодарение на својот еснаф, на луѓето кои отсекогаш твореле и тргувале во старата чаршија – на фурнаџиите, берберите, часовничарите, сервисите, златарите и останатите занаетчии. За сите нив, Град Скопје воведе програми за поддршка со кои на старите занаети им се овозможи одржливо постоење и создавање, заштита на нивните дуќани и работилници и едукација.

Се воспостави партнерство со новите занаети, малите бизниси, новите сервиси и продавниците кои секојдневно се отвораат низ нашиот град, а сопствениците добија и награди за нивниот успех и иницијативност. Во изминатите 4 години скопските занаетчии добиваат субвенции од градот за набавка на алати и репроматеријали до 80% од нивната вредност, или до максимум 50.000 денари по занаетчија.

Важно е да се знае дека оваа чаршија опстанала со години, шарена и разнолика поради тоа што луѓето си помагале еден на друг кога било најтешко. Така, во време на пандемијата на коронавирусот донесовме неколку превентивни мерки за полесно справување на еснафот со рестрикциите:

Град Скопје ги укина трошоците за фирмарина на сите економски субјекти на територијата на Град Скопје, како единствена давачка на бизнисите кон градот;

Пренасочени се буџетските средства во градежна офанзива, со која се реконструираа преку 20 улици во една сезона, со цел стимулирање на работните места во градежништвото и придружните индустрии.

На угостителите и другите еснафи кои користат јавен простор пред своите дуќани им беа простени комуналните такси, за да им се олесни намалената посетеност и промет во услови на пандемија на коронавирусот.

„Овие мерки се покажаа како успешни. Успеавме да ги задржиме работниците на работа, а дуќаните да ги задржиме отворени. Успеавме сите заедно да поминеме низ најтешките периоди, солидарно и братски, онака како што успевала чаршијата и во минатото. Затоа што сме тука да си подаваме рака и да си помагаме“, вели Шилегов.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Потпишани анекси на Договорот со УСАИД за зголемување грант компонентата на 3,5 милиони долари

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk