ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Активни 12.262 случаи на КОВИД-19, вчера 468 нови позитивни

October 3, 2021 09:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 468 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 192.288. Оздравени се 284 пациенти, а пријавени се 11 починати лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие направени се вкупно 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи на КОВИД-19. Од нив најмногу има во Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11…

Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Куманово – 28,  Кавадарци – 14, Велес – 13, Битола  – 10, Шип – 9, Струмица, Кичево и Гостивар – по 7, Прилеп и Кочани – по 6,Свети Николе и Валандово – по5, Гевгелија, Виница и Кратово – по 3, Делчево и Неготино – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се седум починати лица: две починати лица од Скопје (61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г),  и Струмица (69г).​ Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.\\Досега во земјава се направени вкупно 1.297.190 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288, бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.
Во светски рамки, САД ја надминаа бројката од 700.000 лица кои од почетокот на пандемијата умреа од последиците на Ковид-19, соопшти  Универзитетот Џон Хопкинс, посочувајќи дека е тоа еквивалент на населението во главниот град Вашингтон.
Француските медиуми пишуваат дека овој црн биланс потсетува дека се уште секој ден стотици Американци умираат од коронавирус, и покрај кампањата за вакцинација.
Според официјалните бројки, САД се најтешко погодената земја во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус, пред Бразил и Индија. САД, исто така, имаат најмногу заразени во светот. Невакцинираните лица се уште се најпогодени од оваа болест, бидејќи ги има многу во земјата- кампањата за вакцинација, која почна во декември и својот врв го достигна во април, со понекогаш четири милиони вакцинации на ден, сега е нагло забавена. Нешто повеќе од 64 проценти од американското население, или 215 милиони луѓе, примиле барем една доза од трите вакцини одобрени во САД.

Во Калифорнија, пак, сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во државни или приватни училишта ќе мора да бидат вакцинирани, соопшти гувернерот на оваа американска сојузна држава Гевин Њусом. Одлуката се однесува на шест милиони ученици и студенти во Калифорнија, која е најнаселената држава во САД.

 

Оваа обврска за задолжителна вакцинација нема да стапи на сила барем до следната година, согласно распоредот на возрасните групи за кои американската агенција за лекови-ФДА целосно ќе ја одобри вакцината.Вакцината е одобрена за лицата над 16 години, но засега не и за оние на возраст од 12 до 15 години, кај кои се инјектира само во итна пандемиска постапка. За децата под 12 години, пак, се уште не е одобрена.

Претставници на здравствените власти од Нов Зеланд вчера соопштија за 27 нови случаи на многу заразната делта варијанта на коронавирусот во Оукланд, во кој граѓаните излегоа на улиците протестирајќи против речиси двомесечното затворање на најголемиот град во земјата./ МИА/.

Next Post

Шилегов ги повика скопјани да излезат на балконите и на улиците и да ги поздрават маратонците

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk